Контакт

Македонија

Царовска: Создаваме европски вредности со билингвални паралелки

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска учествуваше на онлајн средба по повод билингвалните паралелки во државата, организиран од гимназијата „Орце Николов“ и Амбасадата на Франција.

Царовска се заблагодари на Француската амбасада која поддржа низа проекти креирани од наставниците и учениците со кои создадоа франкофонска мрежа од активни млади лица и идеи за подобра иднина на сите.

„Билингвалното образование се покажа досега како вистински репрезент на интеркултурализам, на учење за културата на францускиот народ, но и на пошироките европски вредности. Поддршката на ваков тип проекти е поддршка за прифаќање на глобални трендови и култури што се многу важни за развојот на новите генерации млади“, рече Царовска.

Министерката истакна дека голем број ученици од овие паралелки, низ годините, го продолжиле своето образование во најпознатите академски центри на Франција и донеле нови практики и нов пристап во креирање општествени и образовни политики.

„Имаме чест, исто така, дел од тие ученици и сега да бидат вклучени во креирањето на новите реформи за средно образование, преку анкети со кои даваат несебичен прилог да научиме и ние нешто од францускиот концепт за образование“, рече Царовска.

На вебинарот учествуваа и амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Во болниците низ земјата се лекуваат 608 ковид-пациенти

Објавено пред

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 322 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 33 во ковид-центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 2, во Кичево 15, Кавадарци 21, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со парите за новогодишно украсување, Чаир купи две амбулантни возила за Итната помош

Објавено пред

Здравствениот дом во Скопје денеска доби две амбулантни возила за транспорт на пациенти, донацијата од Општина Чаир. Средствата наменети за новогодишно украсување, општината ги пренамени за поддршка на здравствените служби во борбата против Ковид-19.

„Ова е значајна донација. Овој сегмент на Итната медицинска помош е еден многу сериозен и значаен сегмент во целокупниот здравствен систем, кој во континуитет го надградуваме. Целокупниот возен парк повеќе од 3/4 целосно е обновен, со набавката од Министерството за здравство, од донациите кои пристигнаа во изминатиот период“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој информираше дека во овој момент трае процедура за вградување на посебни инструменти за GPS навигација и камери во сите возила во Здравствениот дом во Скопје.

„За две недели ќе заврши целокупната инсталација и со тоа целосно ќе биде модернизиран и овој сегмент од Итната медицинска помош. Тоа значи дека во секој момент точно ќе се знае каде е возилото, каде се наоѓа, кога е испратено, за колку време ќе дојде од моментот на испраќање. Ова значи една многу значајна постапка за модернизација на возилата за ИМП“, истакна Филипче.

Двете возила кои Општина Чаир ги донира чинат 2,6 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Со преводот на правото на ЕУ на македонски јазик создаваме наследство за иднината на нашите поколенија

Објавено пред

Со преводот на правото на ЕУ на македонски јазик создаваме наследство за иднината на нашите поколенија, наследство кое значи дека македонскиот јазик ќе стане рамноправен член во семејството на Европската Унија, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, по потпишувањето на Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ (acquis) како еден од најважните предуслови на Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Димитров нагласи дека acquis, или правото на Европската Унија, е корпус на заеднички права и обврски што се обврзувачки за сите земји членки на ЕУ, а земјите кандидатки мора да го транспонираат во националното законодавство како темел на европската интеграција.

„Ако овој термин, acquis, во корените на своето значење од францускиот јазик, всушност претставува „знаење, стекнато право или наследство“, преку неговиот превод на македонски јазик ние создаваме наследство за нашата иднина и иднината на нашите поколенија. Наследство кое значи дека македонскиот јазик ќе стане рамноправен член во семејството на Европската Унија“, рече тој.

Димитров нагласи дека Секретаријатот за европски прашања интензивно започнува со една од фазите на транспозиција на правото на ЕУ во националното законодавство, а тоа е преводот, кој во случајов ќе биде многугодишен и најобемно реализиран превод воопшто во историјата на специјализираниот превод кај нас.

За таа цел, по пат на јавна набавка беа избрани 15 економски оператори за превод.

„Со отпочнување на овој процес на преводот на правото на ЕУ, СЕП не само што ќе го раздвижи развојот на економските оператори за преведување и нивното усовршување, туку развојот и зрелоста на овој долгогодишен проект ќе бидат тесно испреплетени со нашата политика и заложба за развој на македонскиот јазик и терминологија. Затоа што, во коренот на нашиот јазик лежи и нашиот идентитет и тие две одлики мора соодветно да се негуваат и да се сочуваат со широк приод и мудри политики“, рече Димтиров.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините со Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ2 часа

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија2 часа

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија2 часа

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија2 часа

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион3 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа3 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет4 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа4 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет5 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет16 часа

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа17 часа

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Македонија18 часа

Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите...

Македонија20 часа

15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на...

Свет20 часа

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини

Голем пожар избувна денес во Индискиот институт за серуми (SII), фабрика за производство на вакцини во градот Пуна. Пожарот го...

Македонија22 часа

Фетаи: Oд доказите произлегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ да бидат осудени на доживатна казна затвор, на Фејзи Азири да му биде...

Македонија24 часа

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија1 ден

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Македонија1 ден

Фетаи за „Монструм“: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапува случајот „Монструм“, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија1 ден

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Досие