Контакт

Македонија

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Објавено пред

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на викенд, почнувајќи од 21 часот во вечерва (петок) до 5 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на атарот на кумановските села, исклучиво за работни потреби.

Оваа одлука на Владата следува откако денеска беше соопштено дека заболени со коронавирус се 11 доктори од тамошната болница, а исто така од новозаразените 46 лица за кои беше информирано денеска, половината, односно 23 се од Куманово.

Македонија

Мисајловски: Изборите сега се лудост

Објавено пред

Денес Македонија го живее црниот понеделник, што значи огромна бројка на новозаразени луѓе со Ковид-19, и луѓе кои ги загубија своите животи. Во ваква една тешка ситуација преставува лудост да се зборува за избори, и колку и Заев да вели дека имаме нормалност, имаме фатална ненормалност во општеството, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски

Тој обвини дека Заев не само што е главен фактор за кризата поради неспособноста на неговата влада да ја менаџира, туку тој со неговите изборни активности станува и извор на кризата со корона.

„На човекот пола партија му е во изолација, а тој говори за предизборни активности“, рече Мисајловски.

И тука, додаде тој,  неговото лудо настојување ја открива и причината зошто тоа го сака, свесен е дека престои пораз, и дека така мисли дека ќе стане пратеник со имунитет.

„Но, еве да кажам дека и оваа пресметка му е залудна. Околу достигнувањата, Зоран Заев заборави да ги каже главните достигнувања, еве јас ќе кажам неколку. Добиваме 3 години по ред хибриден режим, држава со најголема стапка на криминал и корупција. Неправда како основен постулат на функционирање на државата и владата. Достигнувањата се рекетот кој го правеа функционери од неговата партија. Рекетот станува заштитен знак на Зоран Заев и нивната свита на власт. Дури таквиот рекет доби и неколку продолженија, рекет 1, рекет 2 итн. Тука се и лиценците за марихуана, ископите во РЕК, фондот за иновации и поделените средства на луѓе блиски до Заев и СДСМ. Да не го заборавиме Ден Дончев и документите за перење пари, уценетите бизнисмени и ред други нивни славни достигнувања“, кажа Мисајловски.

Во врска со стратешките приоритети, тој кажа дека трета година по ред Македонија нема одредено датум за преговори, но името е сменето.

„Европската перспектива е закопана помеѓу лагите на Заев и неспособноста на владата. Идентитетот е начнат, а Заев овозможи и виткање на ‘рбетот. Македонија се соочи со уште една објективна пречка, а тоа е заканата за блокада од источниот сосед, што значи на маса Заев ја постави историјата, Гоце Делчев и јазикот. Не дојде живот како што ветува. Народот е со празни џебови. 200 милиони евра дефицит за 4 месеци, а до крајот на годината ќе го задолжат секое семејство за 1.500 евра и дупка во буџетот од над 1 милијарда евра“, изјави Мисајловски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Објавено пред

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на заразени постојано се зголемува, рече вицепремиерот Бујар Османи, според кого, колективните рестриктивни мерки не ги даваат резултатите. Тој кажа дека поголем број од новозаразените се во рамки на неколку семејства, но и покрај тоа, бројките се загрижувачки.

„Немаше таков предлог од Комисијата за заразни болести. Јас можам да кажам мој личен став дека тоа што го научивме од вирусот е дека ниту една колективна рестриктивна мерка, не е подобра од колективната свест и личниот ангажман од страна на граѓаните. Само доколку секој си е свој полицаец и се грижи за своето и здравјето на своето здравје е единствениот начин да се заштитиме. Колективните мерки очигледно не ги даваат резултатите. Овие случаи, овој пик денеска е зараза во тек на полицискиот час“, одговори Османи прашан дали е разговарано за воведување полициски час на општинско ниво во Скопје.

Тој рече дека вирусот е опасен, по што повика граѓаните да ги почитуваат мерките за социјална дистанца, носење заштитна опрема, како и забраната за групирање.

„Позитивни страни се што поголемиот дел од новозаразените се во рамки на неколку семејства, познати кластери, но сепак, бројките се загрижувачки, како и трендот со денешните 20 проценти од вкупниот број на тестирани. Комисијата ги прави анализите дали тоа е резултат на непочитување на личните мерки за заштита или други причини. Јас сакам да констатирам дека пандемијата е тука, вирусот е тука и е опасен“, рече Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Кисела Вода објави повик за набавка на камионче со прскалка за чистење под висок притисок и комбе за превоз на патници

Објавено пред

Општина Кисела Вода објави повик за набавка на камионче со прскалка за чистење под висок притисок и комбе за превоз на патници. За таа цел, Општината ги повикува соодветните и квалификувани понудувачи за набавка на добра да ги достават своите запечатени понуди. Заинтересираните понудувачи бесплатно ќе ја добијат комплетната тендерска документација по поднесувањето на писмена апликација на електронската адреса , а дополнителни информации можат да добијат на телефонскиот број ++ 389/02 2785-417.

Електронско доставување понуди не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.
Запечатените понуди потребно е да се доставуваат до Секторот за јавни набавки на адресата на Општина Кисела Вода, на ул. Петар Делјан бр. 17, 1000 Скопје.

Понудите мора да се достават до 15.6.2020 година до 13:00 часот.

Овој повик за поднесување понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 6 јануари 2010 година.
Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за купување како што е специфицирано во упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD-заеми и IDA-кредити од јануари 2011 година метод купување, и е отворено за сите понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.

Неодамна, во насока на подобрување на условите за живот во општина Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски потпиша два гранта со Светска банка и Министерството за финансии, со кои ќе се реализира проект за рехабилитација на улица „1“ во село Усје и ќе се изврши набавка на камиончето со прскалка за чистење на улици, како и на комбето/минибусот за превоз на ученици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија1 час

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија2 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија2 часа

Спасовски се тестирал за коронавирус и чека препораки од епидемиолозите за изолација

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, утрово направил тестирање за коронавирус и ги чека резултатите, а во меѓувреме чека насоки и препораки...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион3 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија3 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија4 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија5 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија5 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија6 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија6 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет6 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет6 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет17 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија19 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија22 часа

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт24 часа

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија24 часа

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Македонија24 часа

Арсовски: Несериозно и морбидно е да се зборува за избори на 5 јули

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно,...

Досие