Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие имало пет пожари на отворено, сите се изгаснати
Според податоците на Секторот за операции и координација (СОК) во Центарот за управување со кризи (ЦУК) добиени од институциите во Системот за управување со кризи (СУК) во последното деноноќие имало пет пожари на отворено и пожарникарите сите ги изгаснале.
Како што извести ЦУК, во општина Ѓорче Петров пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје гаснеле депонија покрај улицата Радушка, во пределот кај гробиштата во населбата Ѓорче Петров. Била зафатена површина од 500 m2. На запалено стрниште интервенирале во општина Велес пожарникарите од ТППЕ Велес на површина од пет хектари во атарот на селото Клуковец, а во општина Могила пожарникарите од ТППЕ Битола интервенирале покрај патот Битола – Прилеп во близина на селото Вашарејца. Врз два пожара интервенирале пожарникарите од ТППЕ Прилеп, општина Долнени, првин гаснеле запалена ниска вегетација во месноста Заград и потоа гаснеле запалена ниска вегетација и прагови од железничка пруга помеѓу селата Слепче и Браилово.
Според извештајот за работата на Секторот Е-112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие имало вкупно 1.631 повици на единствениот број за пријавување итни случаи 112 во ЦУК. Реални повици, односно тие што се токму примени за итни случаи имало 45,55 %, од другите повици што се за други случаи или ситуации имало 54,45 % од примените повици. Најмногу повици биле упатени кон полицијата (56,16 %) и итната медицинска помош (37,44 %). Другите повици биле упатени кон територијалните единици за противпожарна заштита, АМСМ, а ЦУК ги решавал, координирал итните случаи за комбинирано дејствување. Конкретно, ЦУК координирал интервенции, при што, покрај дејствувањето на полицијата, итната медицинска помош, пожарникарите и АМСМ, било потребно координирано да интервенираат и многу комунални и други претпријатија на општините и од други институции, служби и фирми, што се дел од Системот за управување со кризи (СУК) во согласност со оперативните процедури и постапки и карактеристиките на пријавениот итен случај, соопшти ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.