Македонија
ЦУК: Активни неколку пожари, не постои опасност за населението

Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарот што почна на 2.8.2021 година кај месноста викана Бeјаз Тепе, е сè уште активен во атарот на с. Будинарци во општина Берово. На терен се присутни противпожарните екипата од Словенија и од Австрија. Пожарот делумно е ставен под контрола, а екипите работат на негово целосно локализирање каде што гори високостеблеста борова шума, смрека, стрништа и сува трева.
Во општина Делчево, пожарот кој почна на 2.8.2021 година во атарот на с. Нов Истевник маало Пасјак, последната состојба од теренот е дека пожарите на подрачјето на општина Делчево се локализирани и се ставени под контрола. Екипите што беа ангажирани во гаснењето на пожарот се повлечени. На терен се останати само вработените од Шумско стопанство „Голак“ од Делчево, кои дежураат. Во резерва во с. Тработивиште се лоцирани припадници на АРСМ ако има потреба да интервенираат.
Во општина Штип пожарот кој е во атарот на селата Драгоево и Селце сè уште е активен, но е ставен под контрола. Екипите во моментот се повлечени, но во договор со директорот на ШС- Серта и градоначалникот, на теренот е оставена цистерна со вода и луѓе од месното население. Екипи на ШС и ТППЕ од Штип на 10.8.2021 година во 6:00 часот одат повторно на терен.
Од ловиштето Јасен известуваат дека има 24-часовно дежурство на делот на планината кон ловиштето Јасен. Во моментов пожарот е стивнат и нема опасност за да се прошири кон ловиштето. Се гледа чад од страна на село Раовиќ, каде што гори мешана шума и е на доста непристапен терен.
Од страна на ЛС– општина Сарај информираат дека во тој дел сè уште чади и пожарот е сè уште активен. Бидејќи теренот е непристапен, нема можност за гасење од терен. ЕЛС- Сарај исто така известуваат дека доставиле барање за армиско летало во помош за гасење на пожарот.
Од ШС Караџица известуваат дека пожарот над село Раовиќ се дели на два крака, едниот е насочен кон Матка, додека другиот оди далеку над селото Раовиќ, на многу непристапен терен, на истиот во утринските часови на терен се екипи од АРСМ, ДЗС и локалното население. Се планира гасење од воздух (општина Сарај).
Во општина Петровец пожарот кај село Дивље е под контрола, нема опасност за селото и населението. По дејствувањето на пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, ШС Караџица, како и локалното население, пожарот е насочен накај Средно Коњаре. Се очекува денес во раните утрински часови на гасење на пожарот да излезат 10 лица од ШС Караџица, како и 20 припадници на АРСМ за да го локализираат и стават под контрола.
Пожарот во атарот на Ракле- Никодин- Топлица е приземјен, но не е завршен. Позади с. Топлица кон с. Крстец има чад, но намалува со интензитетот. Со досегашните дејствувања со воздушната поддршка. Екипа на ЈП Мак. шуми – Црн Бор Прилеп, со 7 работници се на терен, како и 3 војници од АРСМ (општина Прилеп).
Пожар во с. Војница, гори нискостеблеста шума и смрека. На терен се ТППЕ- Велес со 2 возила и 6 пожарникари, комунално Чашка со 1 возило и 5 лица, шумско – Велес со 2 возила со 10 лица и 3 полицајци од Чашка. Пожарот сè уште не е изгаснат, но е ставен под контрола (општина Чашка).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.