Македонија
ЦУК: Поради големиот дефект на водоводна цевка има локално поплавување на објекти и без вода ќе остане поголем реон во централно градско подрачје во Скопје
Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува, согласно информација од ЈП Водовод известува дека поради поголем дефект на водоводна цевка (од Ф-600 мм) на ул.„Кеј Димитар Влахов“ 15 до Младински Културен Центар (МКЦ) во населба „Центар“ во Скопје, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Крњево, Керамидница, кај Т.Ц „Ист Гејт“, покрај бул.„Александар Македонски“ до бензинска пумпа „Лук Оил“, Пожарна, а со намален притисок ке бидат населбите „Маџари“ и „Хиподром“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:50 часот па до санирање на дефектот.
Инаку, по утринското примање на повикот за итниот случај на 112 во ЦУК за пукањето на водоводната цевка на улица „Кеј Димитар Влахов“ и дека има поплава од пукната водоводна цевка веднаш беа остварени телефонски контакти со ЈП „Водовод и канализација“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Полициската станица Центар – Беко.
Излеаната вода од големата водоводна цевка предизвикала локална поплава, при што имало поплавено голем број објекти во близина на настанот, а како последици од тоа и лица кое не можеле да излезат од своите домови. Од ЈП Водовод и канализација информираа дека поради големиот дефект без вода ќе остане поголем реон во централно градско подрачје во Скопје се до санирање на состојбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.