Контакт

Македонија

Четиринаесет загинати во автобуската несреќа, прогласена дводневна жалост

Објавено пред

Загинати се 14 патници, а многумина се борат за својот живот по трагичната автобуска несреќа која денеска околу 17 часот се случи на автопатот Скопје – Тетово, во близина на Ласкарци.

По вечерашната вонредна владина седница, одлучено е 14 и 15 февруари да бидат прогласени за ден на жалост.

„Ова е тешка ноќ, полна со неизмерна болка и тага. Сочувствуваме со семејствата на загинатите. Ние ги мобилизиравме сите сили и капацитети за да им помогнеме на повредените. Интервенциите беа брзи и од страна на полицијата и од страна на болниците, како на државните така и приватните“, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека причините за несреќата се уште се непознати, а истрагата е под раководство на надлежен јавен обвинител.

Засега се знае дека автобусот со 51 патници од Скопје тргнал во 16.15 часот, а со него најчесто патувале јавни службеници и студенти од Гостивар. Тој, според досегашните информации, поминал на спротивната коловозна лента, влегол на регионалниот пат и паднал во удолнината. На лице место починале седум луѓе.

Во Градската болница „8 Септември“ примени биле 37 лица, од кои 6 починале. Во „Св. Наум Охридски“ починало 1 лице, а на Клиничкиот центар примени се 7 лица, од кои 3 се со сериозни повреди. На Ургентниот центар е примена и една 28-годишна бремена жена, која е во добра здравствена состојба.

Возачот на автобусот е хоспитализиран во Градската болница, со него веќе разговарала полицијата и тој, како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, е во добра здравствена состојба.

Телата на починатите патници се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина, а дел од нив се уште не се идентификувани.

Пред Градската болница „8 Септември“ беа читани имињата на преживеаните патници, додека нивните семејства и роднини чекаа во неизвесност со надеж дека ќе го слушнат имињата на нивните блиски на листата преживеани.

Влезот во Градската болница е забранет, па семејствата на патниците во автобусот на „Дурмо турс“ со часови стојат надвор чекајќи вести за здравствената состојба на нивните блиски.

Во текот на утрешниот ден се очекуваат повеќе информации за повредените патници и за причините за трагичната автобуска несреќа во близина на Карпалак.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски поради злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 30.11.2018 година во својство на претседател на Врховниот суд, обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 % од основната плата, кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.

Притоа, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа. Обвинетиот постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите донесен од Судскиот совет, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре можат да се пријават за да гласаат

Објавено пред

Утре истекува рокот за пријавување на лицата кои се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат на претстојните избори.

Како што соопшти Државната изборна комисија, пријавувањето ќе заврши на 8 јули на полноќ.

Овие лица кои сакаат да го остварат правото на глас, регистрацијата можат да ја направат и преку апликацијата за пријавување на гласање, поставена на веб страницата на ДИК .

Лицата во изолација ќе гласаат во понеделник на 13-ти јули. Оние кои ќе се пријават за гласање ќе бидат посетени во своите домови од посебни избирачки одбори, составени од по тројца здравствени работници и претставници на партиите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зибери: Во Владата на ДУИ, министрите ќе депонираат оставки на денот на нивниот избор

Објавено пред

Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денес на прес конференција ги презентираше принципите по кои ќе функционира новата Влада. Ветувајќи цврсто почитување на овие заложби, Зибери посочи на транспарентност во управувањето, одговорноста, ефикасноста и професионалност, како клучни принципи по кои ќе се раководи во неговиот мандат како иден премиер.

„ Ние мора да го напуштиме клишето на досегашното управување со Владата на затворени седници, Транспарентноста е основниот елемент и принципот на секоја демократија, затоа во новиот мандат ќе се заложам седниците на Владата во иднина, да бидат јавно достапни, така што јавноста може директно да ги следи сесиите и случувањата на неа. Содржината на Владините седници не треба да бидат предмет на разни гласини, толкувања и меѓусебни несогласувања. Дебатите и одлуките на Владата треба да бидат достапни за јавноста за граѓаните да бидат информирани за сите круцијални теми“ истакна Зибери, посочувајќи дека овој принцип ќе се имплементира на неделна основа, како што се организирани и редовните седници на Владата.

„ Покрај транспарентноста, на седници на владата ќе биде поканет и најистакнатиот експерт во одредени области кога темата на Владата ќе бидат основните реформи за прашања од економски развој, образованието, социјална помош и други специфични сегменти од општествено значење. За нас е многу неопходно пред донесувањето на одлуките да се слушне гласот на експертите, гласот на професорите, академиците, луѓето од науката, така што одлуките на Владата ќе имаат научни поткрепа и ќе се засноваат на идеите и предлозите од академскиот свет.“, посочи Зибери, како предуслов за професионализација и ефикасност на работењето на идната Влада.

„ Одговорноста треба да биде основен принцип на функционирање на која било Влада, затоа јас ќе побарам уште на самиот ден кога ќе бидат назначени новите министри и заменици министри, да ми достават изјава за оставка, за во моментот кога Премиерот ќе процени дека потребно е да се направат измени и освежувања во неговиот кабинет, тоа веднаш да се спроведе“ посочи Зибери, упатувајќи на мерката со која секој министер ќе биде предмет на процес на верификација на спроведувањето на владините политики на секои два месеци, со што ќе се создаде можност за оценка на носителот на јавната фунцкија од аспект на неговата инвентивност, успешност и активност. Доколку одреден Министер не ги исполни критериумите и стандардите што ќе ги поставам во тој момент, ќе ја активирам однапред доставената оставка“, истакна Зибери.

Зибери вети посебно внимание и за важните меѓународни практики и особено во насока на стекнување на меѓународно искуство во лидерство и управување, како и создавање на економски политики што ќе бидат во функција на развојот на приватниот сектор. Во насока на привлекување на меѓународните искуство, Зибери најави дека при формирањето на идната Влада, ќе ги замоли партнерите на коалицијата – 20 проценти од позициите кои ќе ги предложат, без разлика дали се во ранг на министри, заменици министри или директори на државни институции, да бидат од дијаспората, или, пак, еминентни претставници со докажано искуство од бизнисот.

„ За среќа имаме албански, македонски и други граѓани кои се докажани на меѓународниот пазар, а на Северна Македонија ѝ е потребно ова искуство. Верувам дека владата изградена врз основа на овие темели и врз овие принципи може да биде многу поефикасна, може да биде многу поуспешна, може да биде многу потранспарентна и, пред сè, одговорна“ истакна Зибери, посочувајќи дека одговорноста треба да биде основа за градење доверба меѓу Владата, гласачите и Парламентот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски...

Македонија19 минути

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре можат да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата кои се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет2 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија2 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет4 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион5 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија5 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет6 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет6 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија17 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија17 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет18 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион20 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија22 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија24 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија24 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија1 ден

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион1 ден

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија1 ден

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Досие