Македонија
Чулев: Вработените во МВР се жртви на политички пресметки, одмазди и реваншизам
На повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал, морам да конститирам дека Министерството за внатрешни работи е заложник на политички игри, напиша на „Фејсбук“ доскорешниот технички министер, Наќе Чулев.
„Вработените во оваа институција се жртви на политички пресметки, одмаздувања и реваншизам. Денес, Министерството за внатрешни работи е политички заробена институцијата повеќе од кога било. Ниту една реформа што се спроведе во минатото, за жал, не успеа да ја отргне политиката од оваа важна и значајна институција, која треба да биде гарант и заштитник на безбедноста на државата и граѓаните“, смета Чулев.
❗ На нешто повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал морам да конститирам дека Министерството за внатрешни…
Posted by Наќе Чулев on Среда, 26 август 2020
Тој вели дека е во комуникацијата со колеги од МВР, кои често го информираат дека трпат сериозни политички притисоци, а слични информации добил и од членовите на неколкуте полициски синдикати.
„Сведок сум на неколку десетици примери, каде што вработени во Министерството за внатрешни работи тенденциозно и злонамерно се деградирани и распоредени на работни места што не се соодветни со нивната стручна и физичка подготвеност, а има и случаи каде што вработените се упатувани на работни места што се повеќе од 50 километри оддалачени од местото на живеење“, појаснува Чулев.
Тој ги повикува засегнатите од сите овие случаи да ги информираат преставниците на меѓународната заедница во нашата држава.
„Апелирам до полициските синдикати да ги осудат сите постапки што се спротивни на Законот за полицијата и на Законот за внатрешните работи и цврсто да застанат во одбрана на правата на вработените“, нагласува Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

