Македонија
Шахпаска: Инклузијата на лицата со попреченост во општеството е наше секојдневие

„Сите заедно треба да ја зголемиме свеста и да ја разбереме различноста на лицата со попреченост, бидејќи секој човек е подеднакво важен“. Ова е пораката на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Според Шахпаска, процесот на деинституционализација како дел од социјалната реформа, продолжува успешно да се спроведува. Трансформацијата на грижата на децата без родители и родителска грижа и лицата со попреченост во форми на згрижување, како згрижувачки семејства, групни домови и живеење со поддршка во заедницата, секојдневно ја потврдува својата успешност.
„Лицата со попреченост најмногу од се бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството и затоа врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и на Владата е нивната инклузијата во сите општествени текови“, истакна министерката Шахпаска.
По повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, три проекти на Министерството за труд и социјална политика, проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“, проектот „Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење – ОАСИС“ и проектот „Добивање живот – Деинституционализација на корисниците на Специјалниот завод Демир Капија – ПИН“ финансирани од Европската Унија, кои во моментов го поддржуваат воспоставувањето на социјални услуги во заедницата и спроведувањето на Националната стратегија за деинституционализација, заедно ја спроведуваат кампањата за подигање на јавната свест „Ставете нè на вашиот ѕид”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Три години членство на НАТО, обезбедена безбедност и стабилност

На денешен, пред три години државата, предводена од СДСМ стана полноправна членка на НАТО Алијансата. Три години е обезбедена безбедноста и стабилноста на граѓаните и на државата, македонската армија е рамо до рамо со најсилните во светот, соопшти СДСМ.
„ Реализирана е една од двете национални стратешки цели, исполнет е стремежот за кој сонуваа генерации, во изминатите 30 години.
За жал, трагичните настани со воената агресија на Русија врз Украина, покажаа колку е важно членството во НАТО, особено во услови на безбедносна криза.
Граѓаните можат да бидат спокојни, членството во НАТО значи неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државата“ порачаа од владејачката партија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Врв на мизерија – Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби

Врв на мизерија – Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби. Изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДС и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници. Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници.
Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците.
Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени“ порачаа од опозициската партија.
Македонија
Попладне се очекува пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со грмежи и засилен ветер од јужен правецнајави УХМР.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во слаб снег. Минималната температура ќе се движи од 0 до 11, а дневната од 6 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 17 степени.
УХМР издаде предупредување дека утре времето ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 километри на час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.