Македонија
Шаќири: Граѓаните со можност да ги заменат редиците на шалтерите со услуги од дома или од работа
Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири учествуваше на вториот состанок во рамките на процесот на подготовка на Програмата за економски реформи 2022-2024 година, под раководство на Министерството за финансии и членови на меѓуресорната работа група за подготовка на Програмата за економски реформи 2022-2024 година.
На оваа средба, меѓу другото, се разговараше за предлогот за реформски мерки што ќе бидат вклучени во Програмата 2022-2024 и ќе бидат во насока на зелена транзиција и дигитална трансформација.
„Тука МИОА спроведува и поддржува мерки како што се зголемување на електронските услуги на јавните институции и нивно интегрирање во националниот портал за услуги, проект за имплементација на интелигентен транспортен систем долж Коридорот 10 и други иницијативи во соработка со министерствата и други претпријатија во целосна функција на дигитализација и електронска размена. Овие електронски услуги, кои се веќе во фаза на имплементација, ги интегрираат повеќето услуги од неколку министерства во Северна Македонија (внатрешни работи, економија, правда, образование и наука, труд и социјална политика, надворешни работи, судови и обвинителство и некои дирекции и управи, како што се Централниот регистар на Северна Македонија, Управата за јавни приходи, Управа за водење на матичните книги итн.) од каде што граѓаните и деловните субјекти, за првпат, ќе имаат можност да ги заменат редиците на шалтерите со услуги добиени од дома или работните канцеларии“, известуваат од министерството.
Генерираните електронски документи, додаваат од таму, сега се целосно легални и можат да се користат насекаде, бидејќи се препознаени во позитивниот правен систем во Северна Македонија со најновите законски измени.
Предложените мерки што ќе бидат дел од Програмата за економски реформи 2022-2024, се спроведуваат заедно со ЕУ и претставуваат подготовка за учество во процесот на економска и фискална супервизија на земјите-членки на ЕУ, со цел да се спроведат главните процеси реформи во земјата, што ќе влијае на интензивирање на дијалогот со ЕУ. Програмата ќе биде доставена до Европската комисија до крајот на јануари 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

