Македонија
Шаќири: Печатени учебници мора да постојат, но тоа не ја исклучува важноста на дигиталната форма
Печатената верзија на учебниците, во согласност со постојниот Закон за учебници во основното и средното образование, е неопходна во наставата, но тоа не ја исклучува и важноста на дигиталната форма, истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, на првата конститутивна седница на Националната комисија за учебници, формирана од Владата на Република Северна Македонија, која се одржа во просториите на МОН.
„Како министер задолжен за непречено одвивање на образовниот процес, ви нудам отворена соработка, секогаш ќе бидам достапен за надминување евентуални ситуации и проблеми што би се наметнале во текот на работењето. Важно е да се работи тимски зашто само така ќе стасаме до успешни резултати“, рече министерот пред членовите на Комисијата.
В.д. директорката на Педагошката служба, Вангелија Велева, повикувајќи се на досегашното искуство од работењето, укажа дека процесот на создавање еден учебник е долг и тежок, најчесто заглавен во лавиринти што не зависат од вработените, но должност и обврска на МОН и на Педагошката служба е да помогнат во процесот на продуцирање квалитетни учебници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

