Македонија
Шекеринска: Хераклеа ни праќа историска лекција, немој да дозволиш грешка
Кога ќе се спои сликата убава и добрата мисла, чудата навистина се можни, се наоѓаме на магична локација, на древна населба и раскрсница, како Хераклеа, таа минала низ разурнувања, низ подеми и падови, низ проблеми и решенија, и таа ни праќа една историска лекција, немој да дозволиш грешка, немој да пропуштиш шанса, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на завршната граѓанска трибина во Битола.
Во оваа кампања, тоа е главната порака којашто ја испраќаме бидејќи како држава пред само две и пол, три години излеговме од една грешка, тешко беше ама излеговме и во овие две и пол години ја ставивме државата на вистинскиот пат, немаме веќе право на грешка и 15 јули е знак дека не смееме да си дозволиме грешка, порача Шекеринска.
Хераклеа го добила името по Херкул, а тој морал да заврши десет работи за да најде спасение, а зад нас се две и пол години и големи подвизи, јас сакам само да ги набројам првите десет кој ми паднаа на ум, нагласи Шекеринска.
„После 30 години говорење никогаш во Хераклеја но многу пати во Битола за НАТО денеска можам пред вас со чист образ и многу високо крената глава да кажам членка сме на НАТО, по 30 години муабет имаме резултат. Ама ги почнавме и преговорите со ЕУ, тоа е 2:0, , но нашата влезница со Преспанска адреса имаше и една додадена вредност, после Преспанскиот договор ништо веќе не е исто, она што го имаме во рака и што ќе го имаме навек е дека македонскиот јазик станува меѓународно призаен, потврден, а нашиот идентитет цврст. Македонскиот јазик ќе биде службен јазик на ЕУ, тоа е 3:0“, порача Шекеринска.
Нашиот 4 подвиг беше што покажавме дека парите реално можат да се враќаат кај граѓаните, и можеме да бориме од денес до утре, можеме да броиме од 4 до 40. Да ги изброиме сите политики и сите одлуки во Собранието, во Владата, на локално ниво каде што овозможивме повеќе пари во џебот на граѓаните, повеќе пари во буџетите на фирмите а помалку пари во буџетот на државата затоа што така треба, нема да ги спомнувам ни радиодифузната такса, ни евтината струја ни Мој ДДВ, ни намалените комунални такси во Битола сето тоа беа мерки за да покажеме дека знаме каде највеќе боли и што е највеќе потребно, во најтешката криза ние покажавме само во Битола дека може да помогнеме над 2000 фирми, дека можеме да помогнеме во цела држава на 324 000 луѓе на кои што им пуштивме платежни картички за да трошат и да ја помагаат домашната економија, само во ИЕ5 успеавме во успеавме во изминатиов период 30 милиони евра да ги пуштиме кон фирмите, не за да само ги трошат туку да плаќаат подобри плати да отвораат подобри работни места и богами да отвораа повеќе работни места 4:0, порача Шекеринска.
После 10 години мантра дека минималната плата не смее да расте, ја подигнавме од 9 на 14.500 – 5:0, додаде Шекеринска.
Социјалната помош ја зголемивме 3 пати, тоа е концепт на праведна држава, на социјална држава, која им помага на оние на кои им е најпотребно, истакна Шекеринска, додавајќи дека им помогнавме на општините, со долговите кои за 11 години им ги натовариле на вратот.
Ние не даваме пари за стиротор кој глуми меремр, туку дадовме во македонски културни вредности, кои стоеа заборавени, Охридското крајбрежје, реставрација на Курбиново, Офицерскиот дом во Битола, кои не се лажната историја, туку вистинските вредности, истана Шекеринска.
Последниот подвиг е што на јавното здравство можеме да му веруваме и во најтешката криза на него да се потреме, но тоа не ни падна во небо, инвестиравме во лиѓе, доктори, медицински персонал, инвестиравме во болници, како оваа во Битола, рече Шекеринска, додавајќи дека на јавниото здравство може денеска да му честитаме и можеме да му се поклониме, кога беше најтешко, тоа беше најдобро и затоа денеска од Битола ќе испратиме аплауз за сите кои се на дежурство, во Скопје, Битола, низ цела држава, и не штитат и го чуваат она што е највредно: животот и здравјето. порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на завршната граѓанска трибина во Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

