Македонија
„Шефот ме бара“, ѝ рекол Бедредин Ибраими среде седница на ДИК на Виолета Дума и излегол
На судењето за предметот ,,Титаник 2“ прва сведочеше поранешната членка на Државната изборна комисија, Виолета Дума.
Обвинителката Фатиме Фетаи ја праша Дума дали се сеќава на седницата на ДИК за приговорот за гласачкото место 1727 во општина Струмица за локалните избори во 2013 година.
„Дали видовте дека некој за време на седницата му се јави на Бедредин Ибраими?“, Фетаи ја праша Дума. Таа потврди дека се сеќава оти на Бедредин му заѕвонил телефонот бидејќи седела веднаш до него.
„Точно е дека му заѕвони телефонот и господинот Бедредин излезе“, рече Дума. Не се сети дали видела на телефонот или Бедредин ѝ рекол: „Шефот ме бара“. Таа рече дека не го разбрала разговорот меѓу Бедредин и соговорникот зашто говорел на албански јазик.
Дума пред судот рече дека кога Бедредин се вратил во салата, немало дискусија и се прешло на гласање. Како што рече Дума, пред повикот Ибраими рекол дека е на иста линија со неа, дека приговорот на ВМРО-ДПМНЕ е неоснован, но по разговорот на телефон, гласал како и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, па соодносот на гласови бил 4:3 и ДИК го прифатила приговорот. „Членовите на ВМРО плус Бедредин гласаа „за“, а јас Кондарко и Субхи гласавме ‘против“, рече Дума.
Во овој предмет доказ на СЈО е и бомбата во која Ибраими добива инструкции од лидерот на ДПА, Мендух Тачи, да гласа „за“ приговорот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

