Македонија
Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/shilegov-izbori.jpg)
Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е добро затоа што бројките покажуваат нешто многу поинакво од тоа што го покажувале пред 4 години. Сепак, мора да бидеме свесни дека проблемот за загадувањето во Скопје не е може целосно да се реши со краткорочни, ниту со среднорочни активности. Но, преземањето комплементарни мерки, кои ќе ги третираат најголемите загадувачи, е пристапот за кои сме сведоци дека доведува до позитивни резултати и пад на загадувањето, изјави градоначалникот Петре Шилегов.
Бројките покажуваат дека последните четири години нивото на ПМ 10-честички е во постојан пад, а на годишно ниво количеството на овие честички дојде речиси до граничната вредност од 40 μg/m3. Ако во 2016 имало 71,91 ПМ 10 μg/m3, во 2020 беа 47,70 ПМ 10 μg/m3.
„Иако се верува дека метеоролошките услови се тие што значително влијаат на квалитетот на воздухот, на годишно ниво брзината на ветерот и температурата биле со речиси константни вредности, а количеството врнежи не е пропорционално со падот на загадувањето“, рече Шилегов.
Како што посочи, имајќи ги предвид најголемите загадувачи, односно затоплувањето на домаќинствата, сообраќајот, прашината создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности и индустријата, последните четири години воведени се низа мерки што влијаеја токму на нив.
„Мерките се многу: субвенции за купување инвертери, нови автобуси на гас, користење на новиот инсенератор за третирање на медицинскиот отпад на ‘Дрисла’, засилени инспекциски контроли, подигање нови зелени површини, кампања за пријавување огнови на отворено преку телефонот 193, расчистување на дивите депонии, расчистување на стрништата, субвенции за велосипеди, електрични тротинети, за чистење оџаци. Овие мерки се рефлектираа во: 8.000 активни оџаци помалку во Скопје, 100-ина заменети котли за греење на државни згради, 33 еколошки автобуси на ЈСП, 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени сите диви депонии во градскиот урбан опфат, 300.000 м2 ново зеленило и над 20.000 нови садници. Да не заборавиме дека градежните активности на Градот не се мегаломански и непотребни проекти, кои дополнително го задушуваат нашиот град и неговиот воздух“, истакна Шилегов презентирајќи ги постигнатите резултати во делот на намалување на аерозагадувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.