Контакт

Македонија

Шилегов ѝ ја честита победата на Арсовска

Објавено пред

Досегашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов ѝ честита на Арсовска за изборот. Тој упати благодарност до сите граѓани, до сите активисти, благодарност до семејството и екипите кои работеле четири години за Скопје.

– Ние ќе бидеме и понатаму тука, нема да дозволиме силувања на градот како во минатото. Мислам дека успеавме да го вратиме Скопје од правец од кој враќање назад ќе нема, рече Шилегов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Османи во Рига на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македнија, Бујар Османи денеска и утре во Рига, Латвија, ќе учествува на редовниот состанок на Северноатлантскиот Совет на НАТО на ниво на Министри за надворешни работи.

Според МНР, за време на дводневните работни сесии ќе бидат разгледани прашања од стратешко значење на Алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, како и соработката со партнерите.

Министрите ќе расправаат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на Алијансата.

Од особено значење, се нагласува од ресорното министерство, ќе биде дискусијата за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, каде се очекува да биде истакната потребата од заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

На маргини на состаноците во Рига, во агендата на Османи се предвидени и бројни билатерални средби со министри за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа кај „Струма“

Објавено пред

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура, кои можеле да придонесат за фаталната несреќа кај „Струма“, пренесуваат бугарските медиуми.

Дел од нив со најава дека министерката Комитова денеска треба да ги презентира првичните резултати од увидот на патната делница во која животот го загубија 45 лица.

Медиумите пренесуваат дека обележувањето на автопатот „Струма“ може да биде причина за трагичната несреќа.

Според новинарските записи по трагичниот инцидент, голем број експерти рекоа дека локацијата е спорна бидејќи патот не бил поправен откако била пуштен во употреба во 2007 година.

Меѓу забелешките на експертите се посочуваат обележувањето на патот кое не е завршено и заштитните огради кои не се заменети според новите правила, дел од нив ја споменуваат и поголемата дозволена брзина која не одговара на условите на патот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно со повремени врнежи кои на некои пониски места ќе преминуваат во снег

Објавено пред

Утрово најниска температура е измерена во Лазарополе од – 4 степени, -3 степени се измерени во Маврово, 0 во Претор, Дебар, Крушево, Охрид, Кр.Паланка и Берово, 1 степен во Прилеп, Скопје-Петровец, Тетово, Куманово и Виница, 2 во Штип, Скопје – Зајчев Рид и Битола, 3 степени во Д. Капија и Струмица, 6 степени биле измерени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка до 7 часот изутрина била 28 сантиметри на Лазарополе, 21 сантиметар на Попова Шапка, 11 сантиметри на Маврови Анови.

Од УХМР информираат дека околу полноќ во северните делови започна да дува засилен ветер од северен правец. Умерен до силен северен ветер, претежно вдолж пошироко Повардарие, потоа се задржа преку ноќта, а утринава ветерот е најсилен во Штип каде што дува со брзина и од над 55 километри на час.

Утринава преовладува променлива зголемена облачност понекаде со слаб до умерен дожд кој на крајот од ноќта во Крива Паланка премина во снег. Појава на снег во 7 часот има во Берово и Прилеп.

Денеска претпладне времето ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе се менуваат од дожд до снег.

Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките делови од Скопската котлина. Во пладневните часови облачноста ќе се намали и врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје од изутрина ќе има зголемена облачност и повремен дожд кој на повисоките делови ќе преминува во снег. Од пладневните часови врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа кај „Струма“

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања откако беа...

Македонија12 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија14 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија15 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија18 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија19 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија19 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа21 час

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија22 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа23 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет24 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија3 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија3 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија3 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија3 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Досие