Македонија
Шукова: Со инвестирање во крупни капитални проекти за подобрување на водоснабдителните и колекторски системи го подобруваме здравјето на граѓаните
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/1-8.jpg)
Денес министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалник на општина Валандово Перо Костадинов ги посетија локациите во општина Валандово каде Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање инвестира во крупни капитални проекти со кои се подобрува животниот стандард на граѓаните.
Во н.м. Калково се спроведува проектот за подобрување на водоснабдителниот систем за ова населено место. Досега изграден е нов резервоар за вода и цевковод до секундарната мрежа во должина од околу еден километар, а во наредниот период, преку обезбедување на 600 илјади евра од државниот заем од Европската инвестициона банка продолжува изградба на каптажа, испустен цевковод, доводен цевковод до резервоарот со должина од 3,8 километри, како и дел од секундарната мрежа.
Општина Валандово, како што истакна министерката Шукова е прва од сите општини во државата што обезбеди проектна документација согласно критериумите и барањата на ЕИБ и служи како пример за другите општини што аплицираат за добивање средства преку оваа кредитна линија.
Дополнително, беше посетена и локацијата во градот Валндово каде Министерството за животна средина и просторно планирање финансиски ја поддржа изградбата на колекторскиот систем за град Валандово, како исклучително значаен инфраструктурен проект за жителите на оваа општина. Покрај заштитата на водите, почвите и обезбедување на поздрава животна средина со изградбата на колекторскиот систем за отпадни води ќе се заштити и многу значајниот археолошки локалитет Стакина чешма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.