Контакт

Македонија

Шут, песок, облека, влажни марамичиња пронајдени во главната канализација во Шуто Оризари, надлежните апелираат на одговорно користење

Објавено пред

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамичиња, најлони…), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност и превенција од затнување и излевање на отпадната вода.

„Во текот на мината ноќ екипите на секторот Канализација, на ул. Индира Ганди во Шуто Оризари работеа на чистење и одзатнување на главна фекална канализациска линија, со дијаметар на цевка 250мм, полна со шут, песок, текстилни материјали, влажни марамчиња… За одзатнување на мрежата беа ангажирани две цистерни (под притисок и вакуум) и вакуум-пумпа со голема моќност. Апелираме ваквото неодговорно однесување да се запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето, особено во период на зголемени дневни температури“ – истакнаа од сектор Канализација.

Апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно кон селекцијата на отпадот, негово рециклирање и правилно одлагање. Граѓаните за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена.

Македонија

Завршен ден на билатералната вежба со војската на Црна Гора во артилериско гаѓање на полигонот „Криволак“

Објавено пред

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и заменикот на министерот на одбрана, Башким Хасани заедно со началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора (ВЦГ), бригаден генерал Милутин Ѓуровиќ денес присуствуваа на завршниот ден на билатералната вежба со бојно гаѓање, која се реализира на армискиот полигон „Криволак“.

Генералите Ѓурчиновски и Ѓуровиќ по завршување на вежбата беа задоволни од прикажаното и од интероперабилноста на постапките, согласно стандардите на НАТО, кое ја одсликува соработката помеѓу Армиите на Република Северна Македонија и Црна Гора.

Генералот Ѓурчиновски во своето обраќање пред учесниците им изрази признание на учесниците за постигнатите резултати, високото ниво на обученост и меѓусебната координираност кои се одлична можност за понатамошно интензивирање на ваков вид заедничка обука која се организира и реализира за краток временски период.

Началникот на Генералштабот на ВЦГ, генерал Ѓуровиќ заблагодарувајќи се за севкупната помош и поддршка, која овозможи реализација на активноста истакна дека вежбата е уште една потврда дека можеме заеднички да продолжиме и да ги збогатуваме формите на воена соработка.

Заменикот министер, Башким Хасани во своето обраќање порача дека оваа заедничка вежба е уште една потврда за одличната меѓусебна соработка, а служи и како патоказ за реализација на уште поголеми и посложени вежби и обука.

„Само со заедничка обука и вежби, ќе обезбедиме ефикасно и заедничко учество на обучени, професионални војници и офицери во операции за успешно справување со комплексни предизвици“, рече заменикот – министер.

Хасани истакна дека полигонот „Криволак“ нуди големи можности и капацитети и претставува место каде што се развиваат знаењата и вештините на нашите питомци, идни командири и команданти.

Воедно на крајот од вежбата на питомците од четврта година, меѓу кои има и питомци од Црна Гора, им беа врачени сертификати за успешно завршен курс за командири на водови.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДОМ и ЛДП во Штип го претставија Граѓанскотo движење на Центарот

Објавено пред

Лидерите на Зелената партија ДОМ, Маја Морачанин и на ЛДП, Горан Милевски во Штип го претставија новото граѓанско движење на Центарот, со мотото „Излези од маглата“.

Во своето обраќање пред штипјани, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин нагласи дека ДОМ и ЛДП се прогресивни партии кои се отворени за сите граѓани, граѓански движења, експерти кои споделуваат слични вредности, за кои приоритет е јавниот, а не личниот интерес и кои сакаат да придонесат за здрав и квалитетен живот на граѓаните.

Таа се осврна и на потребата од побрз одржлив развој на општина Штип, преку искористување на научните сознанија, иновациите и дигитализацијата.

Нагласи дека мора да се употреби потенцијалот на ветерот и сонцето за производство на електрична енергија со поставување ветерници и фотоволтаици.

Ја истакна и потребата за развој на бањскиот, рекреативниот и екотуризмот преку искористување на геотермалните води и промоција на природното и културното богатство во регионот.

Во своето обраќање, лидерот на ЛДП, Горан Милевски рече дека Граѓанското движење на Центарот нуди нови визии за решавање на локалните проблеми и прашања во Штип и во другите места од регионот.

Тој подвлече дека ЛДП и ДОМ не се согласуваат со предложениот Изборен законик кој не е во прилог на развој на демократијата, туку ги фаворизира интересите на големите партии.

Пред штипјани се обратија и претседателите на општинските организации на ДОМ и на ЛДП во Штип, Ванчо Санев и Горан Варадинов, како и генералниот секретар на МОДОМ, Мартин Каровски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1 лице.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 3, Кочани и Гостивар – по 1 лице.

Од министерството информираат дека не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 3.764 тестови преку: ИЈЗ-108, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-165, Биотек-144, Систина-86, лабораторија Лаор-410, Синлаб-27, Ремедика-19, Плодност–24, Генеа–3, Никоб лаб-743, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.714.

Досега според ресорното министерство во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија53 минути

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија1 час

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија2 часа

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Македонија2 часа

Заев: Западен Балкан не може да чека ЕУ да ги реши внатрешните проблеми за да оди напред

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и...

Економија3 часа

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на...

Македонија3 часа

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е од 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата мини шенген, каде што учествуваaт и претседателот...

Свет5 часа

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во...

Свет5 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтер се случи во близина на Алјаска, а издадено е предупредување за цунами...

Македонија7 часа

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат над 300 компании...

Македонија22 часа

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ22 часа

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет24 часа

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен1 ден

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија1 ден

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија1 ден

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет1 ден

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија2 дена

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија2 дена

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија2 дена

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Досие