Македонија
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш

Познатиот пулмолог Ангелко Ѓорчев, татко на поранешниот пратеник Владимир Ѓорчев, е 73-годишниот Македонец кој паднал во кома откако се вкацинирал вчера во Ниш, Србија.
Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук објави дека неговиот татко е во длабока кома и се бори за живот на респиратор во Ниш.
Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор.
Се надеваме и се молиме да…
Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Monday, 29 March 2021
„ Вчера рано наутро (недела) тргнал за Ниш да се вакцинира, затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Појде на вакцинација заедно со неколку негови колеги доктори. Стар човек (роден 1948 година), со 3 бајпаса и 3 стента. Отиде за Ниш, затоа што цела година беше дома. Речиси без излегување, со минимум, минимум социјални контакти поради ковид кризата. Татко ми има 72 години, а цели 45 години е доктор. Лечеше ИЛЈАДНИЦИ и ИЛЈАДНИЦИ луѓе на Клиниката за пулмологија во клиничкиот ценатр во Скопје. Спасуваше и спасува животи. Има пациенти од СЕКОЈ град речиси секое село. Низ цела Македонија, која толку многу ја сака. Да, силно ја сака Македонија и секогаш ќе ја сака со целото свое срце и битие.
И, после 45 години стаж во лечење и медицина, власта во неговата сакана Македонија НЕ му обезбеди 1 (една) обична вакцина. Не обезбедија вакцини речиси за никого“ напиша Ѓорчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Комплексот кај „Холидеј Ин“ ќе биде зелен и урбан според светските еколошки стандарди, тврди инвеститорот

На онлајн прес-конференција, денес, компанијата МГ ФЕШН која е инвеститор на комплексот на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј Ин“, јавно го презентираше проектот „Гранд“ Скопје, осврнувајќи се на највисоките архитектонски, урбанистички и еколошки стандарди по кои ќе се градат објектите.
Како што истакнаа од МГ ФЕШН, целта на прес-конференцијата беше точно, вистинито и транспарентно да се информира јавноста за отпочнувањето на градба на комплексот, како одговор на големиот број оспорувања во јавноста, но и визуелните прикази кои циркулираа, а воопшто не кореспондираат со неговата вистинска слика и вредност.
Архитектот и управител на МГ ФЕШН, Илија Божиновски, објасни дека станува збор за станбено-деловен, зелен и урбан комплекс по врвни светски еколошки стандарди со многу зеленило, многу јавни содржини и истиот целосно ќе го модернизира срцето на Центар. „Идејата е овој комплекс да претставува ново обележје на градот, нов, модерен и зелен центар на Скопје, кој ќе биде гордост на скопјани“, истакна Божиновски и воедно изрази благодарност до жителите на Ново Маало кои даваат полна поддршка за реализација на проектот.
На прес-конференцијата се обратија и архитектите Јана Гугуловска-Ѓорѓевиќ и Мартин Пановски од архитектонското студио „Радиус Архитекти“, чии идејни решенија ќе се реализираат во проектот „Гранд“ Скопје.
Тие ги презентираа деталите на комплексот и објаснија дека се работи за модерни објекти кои ќе се градат во 3 фази: во првата фаза еден станбено-деловен објект од 20 ката; во втората уште еден станбено-деловен од 22 ката, а во третата фаза деловен и комерцијален простор од 16 ката. Воедно, ги претставија и урбанистичките параметри на проектот наспроти она што го дозволува важечкиот Детален урбанистички план. Имено, согласно идејниот коцепт вкупната површина за градба е 9.165 м2, а бруто развиена површина е 89.627 м2, наспроти 13.654 м2 површина за градба и 200.000 м2 бруто развиена површина, колку што дозволува ДУП-от. Максималната височина на планирана градба изнесува 81.20м, иако согласно зададените урбанистички параметри во актуелниот ДУП истата изнесува 180 м.
Во контекст на ова, архитектата Гугуловска-Ѓорѓевиќ потенцираше дека во комплексот тројно е намалена катноста, односно максималната планирана катност е 22 ката, наспроти 60-те ката кои ги дозволува ДУП-от, и додаде дека ќе бидат обезбедени 969 паркинг места, наспроти потребите 957 според ДУП-от и 30 паркинг места за лица со посебни потреби.
Архитектот Пановски, пак, во своето излагање даде одговор на најчесто изнесуваните невистини во јавноста во врска со бетонизацијата на Скопје и објасни дека проектот значително го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија.
„Проектот ги следи светските трендови на објекти со т.н. архитектонски биодиверзитет, фокусирајќи се не само на луѓето како живи битија, туку и на нивниот однос со останатите живи организми. „Гранд Скопје“ не само што е целосно еколошки и енергетско ефикасен проект за заштита на животната средина, изработен според високи еко стандарди и согласно Законот за урбано зеленило и Правилникот на Општина Центар, туку ќе претставува вистинска зелена оаза во центарот на Скопје, комплекс целосно отворен за граѓаните“, рече тој.
Според идејните решенија, зеленилото во парцелата е сочинето од партерно зеленило (мешано зеленило – ниско со високо), високо зеленило – дрвореди, зелени кровни градини и зелени вертикални градини, кои се градат за прв пат кај нас, ќе бидат проектирани по светски стандарди, со посебен систем за одржување и наводнување, истовремено овозможувајќи им на жителите чувство на пријатност и приватност во урбаната средина и концепт.
На крајот, Божиновски се осврна и на нивната визија за иден развој и инвестиции кои компанијата ги планира во интерес на граѓаните и заедницата. Тој објасни дека МГ ФЕШН нуди соработка на Општина Центар и е подготвена на парцелата 1.4 да инвестира во урбан јавен простор на површина од 7.332 м2 (приближно колку Плоштад Македонија), со разновидно парковско зеленило налик на светските уредени урбани паркови и простори оплеменети со современа фонтана и урбана „смарт“ опрема. Дополнително, МГ ФЕШН преку соработка со Град Скопје, Шумарски Факултет, зелени организации е подготвена да изготви решение и да инвестира во обновување на делот од Кејот 13 Ноември кој се протега по должината на локацијата.
МГ ФЕШН е македонска компанија основана од 2007 која работи како франшизер на повеќе светски модни брендови и како со-сопственик на групацијата Фешн Груп каде се вработени 280 лица. МГ ФЕШН, делува и во градежниот сектор. За транспарентноста како и посветеноста на квалитетот на работата на МГ Фешн сведочат не само многуте успешно реализирани проекти, туку и локалните и светски-реномираните соработници како EBRD, Комерцијална Банка, Chapman Taylor, Laguarda Low и многу други. Еден од позначајните проекти на компанијата во сегментот развој на недвижнини е и Скопје Сити Мол (СЦМ), инвестиција вредна 100 милиони евра, со годишен промет од 130 милиони евра од кои во државниот буџет на годишно ниво се слеваат 30 милиони евра по основ на даноци. СЦМ вработува 2,800 лица. СЦМ е идеален пример за трансформативната моќ на внимателно планираниот урбан развој, кој на општина Карпош и даде една нова димензија на општествено функционирање. МГ ФЕШН планира искуството од овој проект да го примени во разубавување на Центарот на метрополата. Замислата за Проектот „ГРАНД“ СКОПЈЕ е во истиот дух, да го претвори запоставениот, руиниран простор во центарот на градот во нов “downtown”, урбан, зелен и модерен комплекс кој е еколошки и енергетско ефикасен.
(ПР)
Македонија
Тетовец измамен пред клиника од две лица кои му побарале пари на заем

Шеестгодишен маж од селото Орашје, Тетовско, пријавил дека бил измамен од две лица во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Според пријавеното, од двете лица бил замолен да биде преведувач, бидејќи едно од лицата не разбирало албански јазик, на што се согласил.
„Како што е пријавено, по кратко време едно од лицата, кое се претставило дека е од Косово, му побарало пари на заем, а откако му ги дал, двете лица заминале“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Поднесено обвинение за лажните пасоши

Скопското Обвинителство поднесе обвинителен предлог против 11 лица во врска со лажните пасоши. Со поднесениот предлог, 10 лица се обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување, а едно лице е обвинето за поттикнување при извршувањето на делото.
Обвинетите, како службени лица вработени на различни позиции во МВР – Одделение за управни работи Скопје, поттикнати од обвинетиот Раиф Мифтари, кој е недостапен на органите на прогон, во период од средината на месец јуни 2017 година до крајот на 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности.
Со искористување на својата службена положба и овластување, тие прибавиле за себе материјална корист, правејќи лажни јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Притоа употребиле податоци за идентитети на лица, државјани на РСМ, кои до сега не побарале и не се стекнале со македонска биометриска патна исправа, а се иселени од Македонија или од раѓање живеат во странство, кои немаат остварено влез во РСМ, но поседуваат македонско државјанство. Потоа обвинетите ги користеле податоците на овие лица за изработка на патни исправи, со вметнување на фотографии од баратели на патни исправи кои заради криминални активности се бараат со меѓународни потерници. Тие баратели потоа имале намера да ги употребат нелегалните македонски пасоши при премин на државни граници, легитимирајќи се со македонската патна исправа и прикривајќи го својот вистински идентитет.
Со тоа обвинетите овозможиле на незаконски начин 214 странски и еден македонски државјанин да се стекнат со патни исправи на РСМ под туѓ идентитет. Пасошите биле издавани заобиколувајќи ја постапката за издавање на патни исправи, визи и евиденција од Законот за патни исправи на државјаните на РМ, спротивно на Упатството за начините на спроведување на постапката за издавање на патна исправа, во најголем број случаи без закажан термин за фотографирање преку систем „Симболико“, без проверка на идентитетот на подносителот на барањето со постоечките податоци во централниот систем, спротивно на Упатството за земање на биометриски податоци и приложени докази и соодветност на податоците кон барањето, без почитување на предвидените рокови за изработка и издавање на патни исправи и утврдување на идентитетот на подносителот на барањето.
Јавниот обвинител за седуммина обвинети, меѓу кои и лицето недостапно на органите на прогонот побара продолжување на претходно определената мерка притвор. Едно лице од претходно е во притвор во постапка за друго кривично дело. За тројца пак на сила се определени мерки на претпазливост.
Обвинителството продолжува да истражува за вмешаност и на други лица во издавањето на нелегалните патни исправи. Па така, надлежниот јавен обвинител до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за да се утврди кои лица во организационите единици на МВР за издавање пасоши, според хиерархиска поставеност, биле обврзани да вршат надзор врз издавањето на пасошите, вклучувајќи ги и наведените спорни пaсоши, во целиот критичен период. Ќе треба да се утврди кои вработени во МВР, освен сега обвинетите, имаат пристап до личните податоци (имиња, ЕМБГ и адреси) на државјани на Република Северна Македонија кои немаат извадено патни исправи. Понатаму, МВР е задолжено преку своите инструменти во државата и во странство да провери дали и кога спорните пасоши биле употребувани на домашни и странски гранични премини, а воедно да направи и други проверки и сè ова да го документира со писмени докази.
Исто така, и Јавното обвинителство интензивно ќе обезбедува докази со испитување лица кои имаат податоци околу издавањето на спорните пасоши.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија6 дена
Професори од средното уметничко алармираат: 15 колеги се заболени, а директорот воведе настава со физичко присуство