Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Длабоко се каам што сум гласал за Арсовска
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, рече дека градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, не може да ја види на терен, на некој проект, туку само како се кара.
„Уште со мене не беше скарана и со граѓаните на Кисела Вода. Еве, се скара и со нас“, рече Ѓорѓиевски.
Тој ја обвини Арсовска дека има постојани опструкции, кои произлегуваат, како што рече, од нејзините лични фрустрации изминатиов период и со „Водовод“ и со „Комунална хигиена“.
„За едно обично барање со месеци чекаме. Тоа е класично изживување и лечење фрустрации“, рече Ѓорѓиевски и додаде дека како политичар секогаш има доблест да каже кога ќе направи грешка.
„Јас длабоко се каам што сум се довел во ситуација да гласам за Арсовска, длабоко се каам“, рече градоначалникот на општина Кисела Вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

