Македонија
Ѓорѓиевски: Кисела Вода секој ден се менува, да ги чуваме новите реквизити, вандалското однесување да се пријави веднаш
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во изминатиот период работеле на промена на старите и поставување на нови детски катчиња, реквизити и урбана опрема. Тој истакна дека се работи за нови нови подови кои се користат за летните Олимписки игри, нови клупи, фонтана и реквизити.
-Кисела Вода секој ден сѐ поубава, модерна и зелена. Изминатиов период работевме на обнова на старите, како и поставување на нови детски катчиња низ нашата општина. Се работи за нови детски катчиња, нова урбана опрема, клупи, фонтани, нови подлоги на игралиштата со полипропиленски под кој официјално се користи за летните Олимписки игри. За најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече добиваат модерни и безбедни простори, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема кои ги нудат овие места. Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво.
Апелирам до родителите и дечињата да ги чуваме овие нови реквизити, а доколку забележат вандалско однесување веднаш да пријават до надлежните полициски служби“.
Нашата Кисела Вода се менува секој ден и тие промени се насекаде околу нас“, рече Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

