Македонија
Ѓуровски: Ковид-19 и отворените прашања на Балканот се безбедносен предизвик
Денеска во Охрид почна 11-тата по ред дводневна Меѓународна научна конференција „Евро-атланските вредности на Балканот“ што се организизира од Факултетот за безбедност од Скопје и германската фондација „Ханс Зајдел“. На свеченото отворање меѓу другите говореше проректорот на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност – Скопје, Марјан Ѓуровски, кој нагласи дека првиот безбедносен предизвик доаѓа од пандемијата Ковид-19 и поради тоа е потребно зајакнување на капацитетите на институциите за справување со евентуален нов бран од корона-епидемијата.
Според последните истражувања кои досега ги спроведоа повеќе тимови од Факултетот за безбедност, има неколку нови безбедносни предизвици и ризици по државата и регионот. Според проректорот на УКЛО, професорот Марјан Ѓуровски, првиот безбедносен предизвик доаѓа од пандемијата и новиот потенцијален бран од коронавирусот кој не смее во критичниот период кој следува од здравствен да прерасне во безбедносен ризик, економска закана и загрозување на човековите права и слободи. Според Ѓуровски, останува отворено прашањето колку безбедносниот систем и системот за кризен менаџмент и управување со кризи е подготвен да одговори и се справи со евентуалниот нов бран на пандемијата.
„Некој ќе рече дека системот ја потврдил својата подготвеност, но поминаа точно три месеци од завршување на вонредната состојба во земјата. Дали и што применивме од научените лекции од полицискиот час, законското нормирање и носењето на одлуките во вонредна состојба, координација, субординацијата и други бројни прашања“.
Во своето обраќање на меѓународната научна конференција за безбедност Ѓуровски истакна дека евентуални нови ад хок решенија за координација и соработка на безбедносните служби нема да го дадат потребниот ефект и на тој начин неможе да се исклучи – опасноста да се зголеми, за жал.
„Дали закон за вонредна и воена состојба ќе се носи пред истата да биде прогласена?“ праша Ѓуровски.
„Ние како академска фела го кажавме нашето мислење и сега се пали црвеното светло кое ни сигнализира дека се доцни со подоготвка и потоа донесување бројни решенија и законски модели на фукнционално делување на безбедносниот систем во услови на пандемија во евентуална кризна или нова вонредна состојба“, потенцираше Ѓуровски.
При тоа нагласи дека вториот предвизик е заканата по економската безбедност како домино ефект од пандемијата и евентуално новите зголемени рестриктивни мерки за заштита од пандемијата. Според професорот Ѓуровски, третиот безбедносен предизвик се отворените прашања во регионот – Недефинираниот статус на Косово, Република Српска, Санџак, политичката нестабилност во Црна Гора, Бугарија и Албанија, односите меѓу Турција и Грција. Начинот и исходот на отворените прашања во најголемиот дел ќе зависи од исходот на претстојните избори за претседател на САД. Тука според безбедносните проценки е и влијанието на Руската Федерација и продорот на НР Кина на Балканот кој дополнително се безбедносен ризик во услови на изразени хибридни закани и лажни вести.
Меѓу другото петтиот предизвик е радикализмот, насилниот екстремизам и тероризам како директна безбедноста закана на земјите во регионот вклучително и Република Северна Македонија. На крајот Ѓуровски оценува дека корупцијата и организираниот криминал, неефикасноста на судството може да претставуваат безбедносен ризик и опасност за што како 30. земја членка на НАТО треба да покажеме подобри резултати во реформите кои треба да продолжат и во безбедносниот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

