Македонија
Јавноста исклучена, Заев ќе ги слуша телефонските разговори од ПИ-мерките во „Поткуп“
Судот ја исклучи јавноста од денешното рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Причината за исклучувањето на јавноста е изведувањето на телефонските разговори и останата електронска комуникација обезбедена со посебни истражни мерки.
Претходно адвокатите на Заев побараа сведочењето на Иван Николов Сачевалиев на минатото рочиште да не биде земено како доказ во постапката. Исто така, побараа да не бидат земени предвид и другите докази на обвинителството бидејќи, како што рекоа, се ирелевантни за обвинението.
На минатото рочиште, Николов Сачевалиев рече дека тој го терал Заев да говори за поткупот. На прашањето на судијката, дали откако луѓето од МВР го опремиле со палто со опрема за да го снима, Заев сам говорел за поткупот, сведокот Сачевалиев рече: „Јас го терав градоначалникот да ми го каже тоа“.
Според исказот на сведокот, тој бил користен како агент провокатор. Адвокатите на Заев тврдат дека за тоа не постои наредба. Претходно премиерот Заев повеќе од половина час го испрашуваше во судницата сведокот Иван Николов Сачевалиев, кој тврдеше дека во 2013 година, кога Заев беше градоначалник, знаел дека тој треба да откупи државно градежно земјиште и му се јавил за да дојде кај него за 15 минути во градоначалничкиот кабинет во Струмица. Му рекол дека може да го откупи земјиштето за 70 денари од квадратен метар, но дека ќе треба да плати плус три евра – едно евро за него, едно за СДСМ и едно евро за црквата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Таравари: Со тага утрово ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари
„Со тага утрово ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари, кои денеска ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Прилеп“, напиша министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Прим. д-р радиолог Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василевски и технологот за радиологија, Фанче Јованоска, ги загубија животите додека одеа да ја извршуваат својата благородна мисија, како што е докторската работа.
Најдлабоко сочувство до нивното семејства, пријателите и колегите“, додаде Таравари.
Скопје
Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди Општина Карпош
По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, велат од општина Карпош.
„Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана.
Имено, стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи. Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар.
Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба.
Во општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски“, се наведува во соопштението на општина Карпош.
Македонија
Тошковски на средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари работна средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов.
На средбата беше потенцирана добрата соработка во изминатиот неколкугодишен период, како и заеднички постигнатите резултати, а беа разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можностите за натамошна соработка.
И двете страни изразија уверување дека соработката ќе продолжи и ќе се продлабочува.