Македонија
Јавното обвинителство вонсудски ќе се спогоди со вработените во СЈО за исплата на плати
На денешната седница Владата ја усвои информацијата за извршување на одлуката на Уставниот суд во однос на спроведувањето на поништувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (СЈО) за време на вонредната состојба.
„ Владата донесе заклучок да му препорача на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во рок од 30 дена од усвојувањето на оваа информација и обезбедувањето на финансиските средства, на јавнообвинителските службеници и другите лица вработени во СЈО, да им понуди склучување на вонсудска спогодба со која јавнообвинителските службеници и другите лица вработени ќе се согласат дека со исплатите на плата и други надоместоци за месеците декември 2019, јануари, февруари и март 2020 година исплатени по присилен пат преку Управата за јавни приходи ги оствариле правата од работен однос за исплата на плати и други надоместоци за наведените месеци, а Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се согласува да од неговата трезорска сметка, потпрограма 21, расходна ставка 464 – разни трансфери, се изврши исплата на платата и други надоместоци според пресметката на Управата за јавни приходи во постапката за присилно извршување за месеците април, мај и заклучно со 30 јуни 2020 година“ соопшти Владата.
Со склучувањето на вонсудската спогодба јавнообвинителскиот службеник и лицето вработено во СЈО, како што се наведува во владиното соопштение, се откажува од камати или било какви други надоместоци и трошоци во било каква постапка и се обврзуваат да ги повлечат тужбите по основ на плати, камати и други надоместоци.
„ Владата го задолжи Министерството за финансии на буџетската сметка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да додели средства од 13.350.000,00 денари, заради исполнување на обврските по вонсудските спогодби за плати и други надоместоци, а му препорачува на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доколку во определениот рок не склучат вонсудските спогодби, за тоа да го известат Државниот правобранител на Република Северна Македонија заради преземање на соодветни правни средства, информирајќи го за висината на исплатените плати и на средствата уплатени по фондовите по основ на придонеси и даноци“ се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

