Контакт

Македонија

Јанакиески до Латас: Направивме многу голем притисок во Центар

Објавено пред

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во разговор со Драган Павловиќ – Латас на 24 март 2013, на денот на локалните избори, кој денеска беше пуштен во судницата на судењето за изборни нерегуларности познат како „Титаник“, вели дека во општина Центар направиле многу голем притисок и очекува победа со оглед на излезноста.

„Направивме многу голем притисок, има одлична излезеност до два саат. Е сега, ако од 5 почне да паѓа излезеноста, победуваме“, му вели Јанакиески на новинарот Драган Павловиќ – Латас.

На ова уредникот му одговара дека не е баш сигурен за крајниот резултат со оглед на излезноста. Потоа тој ја споредува излезеноста во Центар со останатите избори каде констатира дека никогаш во оваа општина немало голема излезност кога ВМРО-ДПМНЕ победувала.

Во случајот „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Виктор Јованов

 

Македонија

Бочварски: Градиме модерен и безбеден автопат на Коридор 10.

Објавено пред

Коридорот 10 мора да го издигенеме на ниво на Европски коридор, за нас ова е многу важен патен правец, многу значајна транзитна патна врска и затоа мора да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат за да ја одржиме стратешката позиција на земјава во делот на транзитот на овој Коридор, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски.

Министерот Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта денеска извршија увид во рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово.

Инвестицијата е во вредност од 7,2 милиони евра, се работи на рехабилитација во вкупна должина од 10 километри во двата правци. Проектот предвидува проширување на автопатот дополнително со уште една лента, а градежните работи се очекува да се завршат за 12 месеци.

„ Од денеска со директорот на ЈП за државни патишта тргнуваме на терен со цел да направиме увид на се што се работи низ државата и да направиме максимален притисок за да ја засилиме градежната оператива на терен. Патиштата се приоритет број еден на оваа Влада, покажавме како се гради и продолжуваме со позасилена акција на терен. Веќе инвестиравме во рехабилитација на поголем дел од овој Коридор, остануваат уште неколку делници да се рехабилитаираат. Она што е многу важно е дека во следниот период ќе посветиме големо внимание на безбедноста преку замена на еластичната ограда, соообраќајната сигнализација и воведување на Интелегентен транспортен систем со кој значително ќе го подигнеме нивото на безбедност на ниво на европски стандарди”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов најави рехабилитација на нови делници од автпатот на Коридор 10.

„ Се наоѓаме на најстариот дел од автопатот којшто требало да се рехабилитира уште пред десетина години, но за жал не се направило тоа. Го информирав и министерот Бочварски дека на оваа делница Катланово-Петровец ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз и проширување со плус уште една коловозна лента. Во моментов на овој потег има само две коловозни ленти. Проширувањето ќе биде во внатрешниот зелен појас на автопатот со што ќе се избегне дополнителна експропријација. Овој регион ќе биде едно големо градилиште бидејќи во октомври ќе се распишат тендери за рехабилитација на автопатот А4 делница Хиподром–Петровец, Миладиновци–Петровец Миладиновци–Хиподром како и рехабилитација на регионалниот пат Р1102 делница Катланово–Велес. Оваа рехабилитација е една од 6-те кои се започнати пред десетина дена, а тоа се на патните правци Маврови Анови–Жировница, Кичево–Македонски Брод, Карпалак–Желино, Узем–Тораница и Македонска Каменица–Саса,” изјави директорт на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Тој потенцираше дека во наредната година предвидено е изградба и рехабилитација на 300 километри патна мрежа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 51, Куманово – 7, Дебар – 4, Штип – 1, Прилеп – 15, Тетово – 13, Струга – 4, Велес – 3, Битола – 6, Охрид – 5, Кавадарци – 5, Гостивар – 9, Гевгелија – 3, Струмица – 7, Крива Паланка – 4, Радовиш – 3, Кочани – 20, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 1, Берово – 3, Валандово – 3, Виница – 4, Делчево – 5, Свети Николе – 3, Ресен – 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје – 38, Куманово – 12, Штип – 5, Прилеп – 8, Тетово – 3, Струга – 4, Битола – 12, Кавадарци – 3, Гостивар – 2, Крива Паланка – 2, Кочани – 4, Пробиштип – 3, Пехчево  -1, Берово – 2, Делчево – 1, Кичево – 2.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51 г.), од Дебар (68 г.), од Крива Паланка (58 г.), Радовиш (71 г.) и пациент од Кочани (66 г.). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6680, активни 598
• Куманово 1708, активни 188
• Дебар 280, активни 39
• Штип 1234, активни 53
• Прилеп 639, активни 127
• Тетово 1400, активни 178
• Струга 654, активни 64
• Велес 312, активни 38
• Битола 280, активни 58
• Охрид 414, активни 52
• Кавадарци 220, активни 35
• Гостивар 917, активни 107
• Гевгелија 110, активни 59 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 191, активни 122
• Крива Паланка 102, активни 29
• Радовиш 74, активни 23
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 286, активни 117
• Пробиштип 106, активни 19
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 42, активни 8
• Берово 87, активни 27
• Валандово 20, активни 11
• Виница 103, активни 29
• Делчево 150, активни 80 (31 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 3
• Свети Николе 319, активни 20
• Кичево 313, активни 35
• Ресен 162, активни 14
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1769 теста се преку: ИЈЗ – 603, ЦЈЗ Скопје – 52, Авицена – 334, Биотек – 121, МАНУ   -129, Жан Митрев (Филип Втори) – 154, Систина со PCR метода – 127, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола – 45, Инфективна клиника – 6, ГАК – 12, Синлаб – 118, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 67
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 86
• Карпош – 71
• Центар – 83
• Кисела Вода – 58
• Ѓорче Петров – 38
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 11
• Сарај – 13
• Арачиново – 9
• Илинден – 16
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен-1

Прикажи повеќе...

Македонија

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и аксиозност кај обвинителката

Објавено пред

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај обвинителката. Ова стои во вештачењето кое нејзиниот адвокат го презентираше на рочиштето во Граѓанскиот суд каде ја тужи партијата заедно со лидерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар кој поднесе оставка, Игор Јанушев. Од нив бара 10.000 евра оштета, за кои најави дека ќе ги донира во хуманитарни цели.

Адвокатот кој ја застапува Русковска на судењето образложи дека ВМРО-ДПМНЕ преку спотовите ја клеветеле обвинителката дека не работи според законите, а пред судот, не доставиле докази дека не го направиле тоа.

Бранителот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, пред судот тврдеше дека спотовите биле обид за на саркастичен начин да се искритикува работата на СДСМ и обвиниелката како јавен функционер, а адвокатот на Русковска реагираше дека не станува збор за јавна критика со факти, туку ликот е употребен во кампања каде таа не ни учествува.

Одбери обнова!

Треба да избереш како ќе изгледаат следните четири години. Четири години уште повеќе неуспеси, колабирана економија, растечка невработеност и зголемено иселување? Или четири години надеж и обнова со мене? #ОдбериОбнова#ИсправиСеМакедонијо

Posted by Hristijan Mickoski on Петок, 03 јули 2020

Обвинителката Русковска уште во текот на кампањата побара од ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече спотовите „Штанд на лагите“ и „Криминална вистина“, а притоа, да се извинат за клеветите, што не се случи.

Криминална приказна

Време е за посреќна приказна за вашите деца!#ИсправиСеМакедонијо, одбери #обнова

Posted by ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО on Сабота, 27 јуни 2020

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија20 минути

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и аксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион39 минути

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите колаиции, пренесуваат црногорските...

Македонија1 час

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија2 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Македонија2 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија3 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија3 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа4 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа5 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет5 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија6 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија6 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија19 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија20 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија20 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет21 час

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија1 ден

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија1 ден

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Досие