Контакт

Македонија

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Објавено пред

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го почитуваат упатството и правилникот за нарачување учебници во МОН.

dobivaj vesti na viber

Пред почетокот на панел-дискусија во Тетово, во рамки на кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“, Јаневска кажа дека проблемот со учебниците  е системски решен, укажувајќи дека  одговорноста е на директорите на училиштата доколку не побараат доволен број учебници. Посочи  дека се обезбедени  средства, нови наставни програми и дека се печатат и нови учебници, па фали, како што рече, „само добрата поврзаност меѓу институциите и нивна функционалност“, посочувајќи ги и училиштата.

-Училиштата се дел од системот, директорите на училиштата се исто така дел од системот.  Како што Министерството, Бирото, ДИЦ и сите други институции веќе многу сериозно си ја сфаќаат работата, така и менаџерите на училиштата ќе треба многу сериозно да си ја сфатат работата. Оваа година многу слободно ќе кажам, „прогледав низ прсти“.  Следната година нема да прогледуваме низ прсти. Има систем, има упатство, има правилник.  Директорите се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците.   Зошто повторувам?  Ако тие тоа не го направат, јас немам можност да им обезбедам дополнителна учебници.  Затоа, отсега натаму ако нема учебници, обраќајте се на директорите, не на министерството, одговори Весна Јаневска.

На новинарско прашање дека наставници добиваат договори на дело па се уценувани од политички партии за учество во изборни кампањи пред да добијат решение за вработување на неопределено време, министерката не се согласи и рече дека не е исто како порано.

-Да, свесна сум дека се случувале такви нешта. Апсолутно сум против тоа, апсолутно нема оправдување. Во образованието треба да влезат најквалитетните наставници. Тие коишто се мотивирани да работат со деца затоа што тоа и не е лесна работа. Законот и не е така лош доколку не би се злоупотребувал. Ќе следува и нов закон за наставници, истакна Јаневска.

Таа посочи дека од тој аспект се повеќе се преземат иницијативи за оптимизација на училишната мрежа. За разлика од минатата година кога имало 150  училишта кои работеле во една смена, сега има 200 училишта кои работат така.

-Но, повторно велам, има уште еден податок кој мора да го имаме предвид – дека бројот на ученици е намален и директорите и раководствата на училиштата, вклучувајќи го и министерството, треба да водиме сметка за тоа како се вработуваат наставниците. А бидејќи како министерство и Влада сме направиле проекција за тоа како да ги заштитиме наставниците со додатна настава, дополнителна настава, клубови, изборни предмети, општествено корисна работа. Директорите треба да си се организираат и во оваа концепција да ги најдат часовите на наставниците. Јас веќе пет години зборувам на оваа тема.  Тоа исто така во Македонија ќе мора да се спроведе ако сакаме подобар квалитет и ако сме чесни сами кон себе, сите треба да сме свесни за тоа што мора. Некаде нешто можеби и не мора, но ова мора да се направи. За да постигнеме успех, затоа што си ги застапуваме децата, а кога ги ускратуваме децата си ја осакатуваат државата, рече министерката.

Во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, во Тетово денеска беше организирана  третата панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“. Претходно, панел-дискусии се одржаа во Скопје и Прилеп како дел од кампањата на МОН чија цел е  да ја истакне суштинската улога на наставниците и значењето на нивната професија во општеството.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана

Објавено пред

Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период, со што целосно се обезбедени средствата потребни за хируршката интервенција и лекувањето во странство. Со ова, како што посочи Лазаров, семејството на Ана е барем финансиски растоварено во најтешкиот период од нивниот живот.

Ана има дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex, со зафатена орбита. Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде што се бара специјализиран хирург за изведување на сложената и деликатна операција.

Болеста е сериозна и со висок ризик, а времето беше клучен фактор, поради што кампањата беше означена како најитна досега. Масовниот одѕив на граѓаните за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете.

„Секоја среќа ти посакуваме, Ана. Цела држава стана за тебе“, порача Лазаров, додавајќи дека поддршката за девојчето и нејзините родители ќе продолжи и во наредниот период.

Прикажи повеќе...

Македонија

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Објавено пред

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот на вљубените, за поинтересен. За други, единственото нешто што е важно е да се забавуваат на тој ден.

dobivaj vesti na viber

Најмногу профитираат трговците и угостителите, на кои не им требаше многу за да ја спојат романтиката со добро вино и да најдат начин да заработат добри пари на тој празник. Сепак, повеќето луѓе всушност знаат малку за светците кои ја предизвикале целата расправија, како и за тоа како дошло до тоа Денот на вљубените и Фестивалот на виното да „паѓаат“ на ист ден.На тој 14 февруари, има двајца светци – едниот кој има многу долга традиција и е почитуван со векови, а другиот, понов кој, преку медиумите, стана глобален феномен надвор од христијанските земји.

Може ли Свети Трифун да се заљуби, а Свети Валентин да се опие?

Прво, зборуваме за два сосема различни светци кои ги почитуваат и православната и католичката црква. Свети Трифун, како светец-заштитник на лозарите и винарите, не може да биде замена за Свети Валентин, ниту обратно. Католичката црква го слави Свети Трифун, но на 10 ноември. Од друга страна, православната црква на Свети Валентин се сеќава на 12 август. Сепак, никој тогаш дури и не помислува на Денот на вљубените, бидејќи Денот на вљубените на 14 февруари стана глобален феномен.Свети Трифун живеел во 3 век од н.е. во Мала Азија. Легендата вели дека имал чудотворен дар за лекување и дека успеал да ја излечи ќерката на римскиот император Гордиј „од зол дух“. Тој ги делел богатите кралски подароци на сиромашните и живеел како скромен чувар на гуски до крајот на својот живот. За време на големиот прогон, тој одбил да се откаже од Христос, поради што бил убиен во 250 година од н.е. на овој ден. Свети Валентин живеел некаде околу тоа време. Тој го посветил својот живот на тајно женење на војници, на кои им било забрането да основаат семејство, со нивните избрани жени. Поради оваа помош на заљубените парови, Валентин бил обезглавен во 269 година.

И што да се слави денес?

Благодарение на Холивуд и добриот маркетинг, Денот на вљубените стана глобален феномен, а подарувањето бомбони, срца и други посебни подароци на саканата личност на крајот се прошири и во Србија. Сепак, има и такви кои сè уште го „препознаваат“ само Свети Трифун како празник. На која било група да припаѓате, имаме совет за вас – Прегрнете некого што го сакате… Отворете шише добро вино… И уживајте во животот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Изменет сообраќаен режим поради Задушница

Објавено пред

Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

dobivaj vesti na viber

Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица „Бутелска”, лево по улица „Александар Урдаревски”, лево по улица „Боца Иванова” и десно до влезот на гробиштата Бутел. За излез, возилата ќе се движат десно по улица „Боца Иванова”, до кружниот тек на улица „Бутелска”, па лево по улица „Бутелска” и десно по улица „Кемал Сејфула”.

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија19 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ20 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија20 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија21 час

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија22 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија22 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион23 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија24 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија24 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет1 ден

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет1 ден

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа1 ден

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет1 ден

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет1 ден

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа1 ден

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет2 дена

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...