Македонија
Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада
Генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата пред партиските простории порача дека партијата влегува во трката да формира Влада и дека изборниот резултат бил на нивна страна.
„Рано е да кажеме било што, но факт е дека промените народот ги посакува, народот не сака Влада која е криминална, народот не сака корумпирана Влада, народот сака обнова. Опозицијата покажа дека на овие избори има повеќе гласови од партиите на власта. ВМРО-ДПМНЕ влегува во трката за формирање на нова Влада затоа што постојната е истрошена. Испраќаме уште еднаш благодарност до сите и покрај притисоците, што се одважија да гласаат за обновата на Макеоднија“ рече Јанушев.
На неколку новинарски прашања за изборниот резултат колку е во предност ВМРО-ДПМНЕ и на што се темели податокот дека ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, Јанушев не одговори конкретно, рече дека требало да се почекаат официјалните резултати и дека се уште не е завршено пребројувањето.
„Трката е тесна, речиси изедначена да почекаме да ги видиме финалните бројки, па тогаш можеме да кажеме. Се уште е рано да се коментира било што. СДСМ и друг пат кога прогласувала победа, губела. Не би сакал да шпекулирам со бројки ќе бидете известени доклку има некоја промена“, одоговри кусо Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: За пофункционален систем „Сејф сити“ отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ
Во рамки на посетата на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, министерот Панче Тошковски оствари работни посети и на Одделот за менаџирање на сообраќајот, системот “Safe City” и Академијата за цивилна одбрана.
„Имав одлична можност одблиску да видам како функционира еден современ систем за побезбеден град во кој се имплементирани највисоките технолошки достигнувања како што е вештачката интелигенција, а во функција на поголема безбедност, помалку криминал, како и помалку жртви од сообраќајни незгоди. Имајќи предвид дека сме во фаза на имплементација на ваков сличен систем и во нашата држава, од особена корист ќе биде поголема соработка со МВР на ОАЕ сѐ со цел користење на искуствата кои ги имаат стекнато во овој дел.“, потенцираше министерот Тошковски.
Во Академијата за цивилна одбрана министерот Тошковски се запозна со капацитетите за обука кои ги имаат во делот на справувањето со пожари, особено во делот на специјализирани тренинзи во симулирани ситуации на пожар во различни објекти.
Македонија
Костадинова: Арсовска, и по неколку месеци, не одговара на иницијативите од општините доставени до Град Скопје
Советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Костадинова, во своето излагање на седница на Советот на Град Скопје ѝ се обрати на градоначалничката Данела Арсовска укажувајќи дека за спроведување на иницијативите поднесени од општините се чека и неколку месеци.
„Јас барав прашање и од службите, односно од раководителот за урбанизам. Зошто одлуката уште не е ставена како точка на дневен ред за ослободување од комуналии на ОУ ‘Невена Ѓорѓиева-Дуња’, на градинката ‘8 Март’ и на ОУ ‘Кирил Пејчиновиќ’, јас добив одговор дека раководителката на одделение била на боледување цели 2 месеца“, истакна Костадинова.
Таа додаде дека сега бргу побргу, по Законот за измена на градежното земјиште, се ставила оваа точка на дневен ред.
„Кога имаме ние Закон за градежното земјиште и немаме потреба да ја чекаме градоначалничката Арсовска да ни ги одобри одлуките што со нетрпение ги чекаат градоначалниците за да им помогнат и да ги подобрат условите во училиштата и градинките“, заклучи Костадинова.
Македонија
Марковска-Илиевска со порака до Арсовска: Не може да не се почитуваат законите и да не се реализираат програмите
„Уште на првата седница кога разговаравме за извештаите укажав на некои суштински, а не само на технички грешки. Еден час да немате реализирано програма, да немате формирано во некои од училиштата ученички заедници, да имате најавено активности, а да не ги реализирате, тоа е нефункционална ученичка заедница“, јасно истакна советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска-Илиевска, на денешната седница за советнички прашања обраќајќи ѝ се на градоначалничката Данела Арсовска во контекст на реализирање на програмите усвоени од Советот.
Марковска-Илиевска во своето обраќање посочи за низата неправилности што се случувале во делот на реализација на програмите за работа во одредени училишта. Дополнително, додаде дека Инспекторатот ќе проверува дали и колку е извршена реализација. Напомена дека нема да дозволи да се врши злоупотреба и од таа причина нема да гласа.
„Во делот на спортските активности, односно тимовите, да немате реализирана програма. Да си назначувате претседател на училиштен одбор на наставнички совет е кршење на законот и повлекува кривична одговорност. Ве молам, не се работи за технички грешки, се работи за суштински грешки и од таа причина онаму каде што нема реализирано програма, нема да гласам“, децидна беше Марковска-Илиевска.