Македонија
Јаревски: Стевчо Јакимовски го бетонизира Карпош за бизнис од 600 милиони евра за „Пуцко Петрол“ близок до СДС и ДУИ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/jarevski.jpg)
600 милиони евра за „Пуцко Петрол“, семејна фирма на Исмаил Јахоски, пратеник од коалицијата СДС – ДУИ преку бетонизација на Алумина во режија на Стевчо Јакимовски. Јакимовски е испостава на власта и „Пуцко Петрол“ за реализација на милионскиот бизнис, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.
„За 600 милиони евра ќар за фирма на луѓето од власта, кој треба да го обезбеди Стевчо Јакимовски преку ДУП-от кај Алумина со кој се предвидуваат кули и до 35 ката ќе се блокира цел Карпош. Тафталиџе ќе се претвори во тесно грло, како инфраструктурно, со целосен сообраќаен хаос, а за паркинг места да не дискутираме воопшто.
За газдата на „Пуцко Петрол“, чиј татко е пратеник на коалицијата СДС – ДУИ да стави над 600 милиони евра во џеб Стевчо Јакимовски не штеди зборови за напад кон ВМРО-ДПМНЕ.
Карпош заради бизнис интересите на власта се претвора во бетонска џунгла.
Урбаното и хумано живеење се менува за бетон и асфалт за фирмите блиски до власта да профитираат.
Стевчо Јакимовски е само параван на Ковачевски, кој треба да го истурка спорниот ДУП и да стави потпис за уништувањето на Карпош.
Ковачевски треба да знае дека таквите политики ќе бидат поразени, а ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се бетонизација кај Алумина да биде блокирана“, рече Јаревски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.