Македонија
Јовановски до Камчев: Почувствував дека ни го слушаат разговорот
На една од аудиоснимките кои денеска беа пуштени во судницата во кривичниот суд за случајот „Рекет“, а била снимена од сведокот Орце Камчев, може да се почувствува доза на недоверба што Бојан Јовановски ја има кон бизнисменот од кој бара пари.
„Дај да се заврши веќе ова. Сите имаме интерес, вие имате еден интерес, јас друг, но сеедно, сите сакаме да се заврши”, му вели Камчев на Јовановски.
Боки 13 одбива да дава конкретни одговори, па упорно вели дека „треба да се видат”.
„Не знам со кого си за да можам да разговарам”, вели Јовановски.
„Сам сум Боки, сам, возам кола! Немам ни шофер”, му вели Камчев.
„Не знам, некако почувствував дека разговорот ни го слушаат”, одговара Јовановски.
„Аман, не сме деца, ваљда знаеме што правиме”, му вели Камчев.
Разговорот се однесува на укинувањето на мерката домашен притвор за Камчев, а Јовановски го советува да не се советува со многу адвокати и да го слуша него.
Во судот денеска се презентираат десетици снимки направени од Камчев за случајот „Рекет“, а адвокатите на Јовановски и на Катица Јанева ги оспоруваат снимките со образложение дека немаат ниту датум ниту време и дека не може да се докаже кој со кого разговара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

