Македонија
(Видео) Јово Вангеловски два и пол часа сведочеше во Обвинителството за злоупотребите со АКМИС-системот
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, повеќе од 2 и пол часа во зградата на Јавното обвинителство даваше исказ како сведок за предистражната постапка за злоупотребите со АКМИС-от во кривичниот суд во Скопје и во Врховниот суд.
На прашање за што бил повикан, рече дека бил повикан како сведок. Рече дека влегол во Обвинителството од таму од каде што се влегува бидејќи камерите претходно не го регистрираа дека влегува од главниот влез. Извори од ОЈО велат дека тие не му овозможиле да влезе од службениот влез.
Вангеловски е повикан како сведок во предистражната постапка што ОЈО Скопје ја отвори за злоупотреби на системот за електронска распределба на судски предмети. Извештајот што го изготви Министерството за правда утврди многубројни нерегуларности во АКМИС-системот во најголем дел во кривичниот, Апелациониот и во Врховниот суд.
СЈО го посочи Вангеловски како еден од четворицата судии што го има во бомбите и кој издавал информации во јавноста за одредени предмети.
Исказ во Обвинителството даде и поранешниот прв човек на кривичниот суд, Владимир Панчевски, кој е осомничен за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

