Македонија
Љупчо Палевски приведен во Белград, сакал да замине во Русија
Во Белград е уапсен бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо. Според тековните информации, апсењето се случило вчера кога Палевски сакал да се качи во авион и да отпатува за Москва.
Палевски бил приведен од страна на српската полиција по потерница распишана од Хрватска и во моментов е во притвор.
Бизнисменот има кривична пријава затоа што во април на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“.
Засега нема информации од нашите институции за апсењето на Палевски во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
