Контакт

Македонија

Ќе дадеме налог и ќе си гласаат, му вели Канческа-Милевска на Јанакиески

Објавено пред

Во кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО. На денешното рочиште се репродуцираат необјавени бомби.

Во една од нив од 28 март 2013 година ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ѝ врти на тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, за да ѝ побара да гласаат вработените во институциите од културата.

„Дајте ми шо треба… За Оливер не е проблем. Ќе дадам налог и ќе си одат да гласаат. Јас ќе му се јавам на Оливер“, вели Канческа.

Миле ја советува дека тоа се вработени во КИЦ, Драмскиот театар, Театарот „Комедија“.

„Одма ќе ги свикам јас ако треба“, му вели ексминистерктата на Јанакиески.

Во друг разговор соговорник на Јанакиески му вели дека Жарко Луковски од „Телеком“ му дал список со броеви од 2.000 луѓе и да се врти кај нив.

Предметот за изборни измами е во фаза на доказна постапка и се изведуваат бомбите на СЈО.

Македонија

Вељаноски за 27 април: Ни на крај памет не ми паднало дека може до таков настан да дојде

Објавено пред

На 27 април, пратив порака до тогашниот премиер Никола Груевски, но не знам што посебно сум кажал во таа порака што веќе Заев не го кажа на пресот и нешто што не го знаеше јавноста, изјави претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски читајќи ги точките од обвинението.

Тој рече дека од обвинителство го товари за 4 дејствија кои ги преземал на 27 април.

„Мојот телефон бееше вештачен во ноември, а во јануари дадов исказ и ми го вратија телефонот. По година дена покренуваат обвиненеие против мене, а за 33 лица покренаа три месеци откако ми го земаа телефонот. Од кои причини дури сега покренуваат обвинение како терорист да сум. Пред да одлучите за имунитетот да имате претстава зошто се бара.  Јас бев 10 години претседател на Собранието, ни на крај памет не ми било да правам дејствија спотивни на законот, посебно за колеги пратеници“, рече Вељаноски.

Тој додаде сакал да си замине и порано, но на подобар, а не на ваков начин.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на седница го разгледува барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски.  Според Деловникот, кога претседателот на Собранието ќе го достави барањето до Комисијата, таа треба да одржи седница на која ќе го разгледа барањето и да го достави извештајот до собранискиот спикер. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието, најдоцна во рок од три дена, треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со мнозинство од вкупниот број пратеници. Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, вчера попладне беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мисовски: Груевски ве пушти сите низ вода

Објавено пред

Емотивни говори, дофрлувања и обвинувања ja одбележуваат распрвата за имунитетот на Трајко Вељаноски во рамки на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Груевски ве пушти низ вода сите, рече пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, по обраќањето на Вељаноски на седницата на која се расправа за имнуинтетот на поранешниот претседатл на Собранието.

„Ние немаме право да цениме обвинителен акт, тоа е право на судот, но ВМРО-ДПМНЕ така владееше десет години“, рече Мисовски.

Тој додаде дека целиот напад на 27 април 2017 година бил органзиран во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, додека раскажуваше за настаните од крвавиот четврток.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со барања Богоевски да го прекине Мисовски бидејќи зборува процедурално.

Пратеникот на НСДП во меѓувреме го потсети Вељаноски не само на 27 април туку и на црниот понеделник кога беа исфрлени пратеници и новонари.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Мртва девојка пронајдена во скопско Волково

Објавено пред

Утрово во скопско Волково е пронајдено безживотно тело на девојка чиј идентитет засега е непознат. Според неофицијални информации, на телото немало траги од насилство.

Од МВР засега не можат да дадат потврда ниту информации, велат дека случајот се проверува.

Вчера, пронајдено беше безживотното тело на скопјанецот Горан Атанасовски, кој семејството го пријави за исчезнат во средата. Телото на Атанасовски било во бездна, а на патото било оставено возило марка „поло“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Мисовски: Груевски ве пушти сите низ вода

Емотивни говори, дофрлувања и обвинувања ja одбележуваат распрвата за имунитетот на Трајко Вељаноски во рамки на Комисијата за деловнички и...

Македонија20 минути

Мртва девојка пронајдена во скопско Волково

Утрово во скопско Волково е пронајдено безживотно тело на девојка чиј идентитет засега е непознат. Според неофицијални информации, на телото...

Македонија38 минути

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија39 минути

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија1 час

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа2 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија3 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија3 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија13 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија15 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија16 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија18 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија19 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ20 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија20 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Досие