Македонија
Џафери-Бушати: Македонија и Албанија заеднички да си помагаат
Македонија и Албанија треба заеднички да си помагаат ако се има предвид дека целта на целиот регион е да стане дел од големото европско семејство. Ваков бил заклочокот од средбата што денеска ја остварија претседателот на Собранието, Талат Џафери, и Дитмир Бушати, министер за Европа и надворешни работи на Албанија.
На самиот почеток претседателот Џафери истакнал дека ваквите средби на високо ниво се од особено значење за развојот на односите меѓу двете пријателски и соседни земји и дека Република Македонија високо ја цени поддршката што Република Албанија ја дава во насока на интегрирањето на нашата земја во евро/атлантските структури.
Како што соопшти собраниската прес-служба, двајцата соговорници заеднички констатирале дека двата парламента треба да ја зајакнат соработката на ниво на групите за соработка, комисиите и собраниските служби, а посебен акцент бил ставен и на меѓувладината соработка.
Министерот Бушати изразил верба во успешна реализација на претстојниот референдум во Македонија, со кој, како што рекол, ќе се заокружи уште една фаза во надминување на последната пречка за полноправно членство во НАТО.
На средбата биле споменати многу области во кои двете соседни земји споделуваат заеднички интереси од големо значење, како што се проектите во завршна фаза, односно изградбата на патот Ќафасан-Елбасан, како дел од Коридорот 8, автопатот Елбасан-Дебар и железничкото поврзување меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

