Македонија
Џафери-Вал: во фокусот новиот Деловник
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата се разговараше за новиот Деловник за работа на Собранието.
Џафери се заблагодари на целата поддршка што Собранието ја добива од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на минатиот период. Поддршка имаше и за прашања од предлог Деловникот кој е продукт на петгодишно конструктивно работење помеѓу парламентарните политички партии за постигнување на консензус во однос на предвидените одредби во новиот Предлог Деловник за работа на Собранието.
Тој нагласи дека целта на сите учесници во изготвувањето на новиот Предлог Деловник е да се спречат сите несакани случаи на блокирање на работата на законодавниот дом, поучени од досегашното искуство во изминатите 30 години.
Исто така информираше дека се предвидува новиот Деловник да се применува од наредниот пратенички состав.
Моментално е во фаза на второ читање во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања која е закажана за утрешниот ден и на која ќе се разгледуваат поднесените амандмани за Предлог Деловник. Се очекува да се прифатат дел од амандманите кои се дел претходно прифатени со консензус координаторите на пратеничките групи. Претседателот рече дека правилата за работа на Собранието мора да бидат прецизни затоа што се најдобриот инструмент за функционален парламент.
Амбасадорот Килијан Вал искажа задоволство од процесот на координација околу донесувањето на новиот Деловник за работа на Собранието и изрази очекување за негово донесување до крајот на овој месец. Исто така, искажа подготвеност Мисијата на ОБСЕ во Скопје да продолжи да ја поддржува и унапредува работата на Собранието секаде каде е потребно во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

