Македонија
Џафери за Денот на учителот од Форино: Тие се моќта на образованието
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/07032024_PVRSM-Dzaferi_Forina_5.jpg)
Премиерот Талат Џафери, денеска по повод Денот на учителот, го посети Основното училиште „Форина”, во неговото родно село, Форино, Гостивар.
Џафери, во своето обраќање пред наставниците и учениците, им го честита денешниот Ден на учителот, посочувајќи дека на овој ден им се оддава почит на учителите кои ја извршуваат најблагородната професија, тоа е образувањето и воспитувањето на идните генерации. Денешниот ден, како што посочи Џафери, е потсетување на отворањето на првата училница со настава на албански јазик во Корча, со што се поставени темелите на албанското образование.
Џафери, во своето обраќање, ја потенцираше улогата на учителите во образовниот процес како и во надградување на знаењето на учениците, што е важно за иднината на младите, но и за напредокот на општеството.
„Ова е посебен ден кога се сеќаваме на денот на отворањето на првата училница на албански јазик во нашата историја. Оддаваме почит до сите што се живи, и се меѓу нас, за придонесот што го имаат дадено. Денес, ја уживаме можноста во која младите генерации имаат избор од повеќе универзитети на кои се одвива настава на албански јазик, односно, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, кој е основан на приватно-јавна иницијатива. Сите тие високообразовни установи имаат една заедничка цел, а тоа е да се развие високата академска мисија на албанскиот јазик. Ова нека биде пример и стимул за учениците кои ги започнуваат првите чекори на стекнување знаење, да целат кон тоа дека еден ден, некој од нив ќе може да го заземе моето место овде, но и местото на сите од нас“, порача Џафери.
Посочи и дека особено радува фактот што за разлика од минатото, денес учениците во ова училиште учат во нов и современ објект.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.