Контакт

Македонија

Џафери – Мишел: Северна Македонија мора да ја искористи шансата за членство во ЕУ

Објавено пред

Премиерот Талат Џафери, во рамки на посетата на Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На средбата присуствуваа првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Ова е прва посета на Брисел на Џафери како премиер, и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, му честиташе за функцијата, нагласувајќи дека претстојниот период е од исклучителна важност за државата која треба да спроведе европски избори и да го задржи европскиот правец.

На средбата беа разменети ставови за поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Северна Македонија, како и за текот на реформските процеси во земјата кои се од исклучителна важност за напредокот.

Соговорниците констатираа дека обновениот моментум на ЕУ за проширување е добредојден и треба да биде поттик за спроведување реформи во земјите од Западниот Балкан, со фокус на Планот за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во Европската Унија.

Џафери на средбата истакна дека ЕУ перспективата останува главен двигател на промените но и помирувањето во Регионот.

Соговорниците на средбата истакнаа дека Северна Македонија негува одлични односи со сите земји од Западен Балкан. Минатата година, како земја претседавач со ОБСЕ, Северна Македонија потврди дека во континуитет е кредибилен партнер на ЕУ и на меѓународната заедница.

Џафери упати благодарност до претседателот на Европскиот совет, Мишел за поддршката во процесот на европско интегрирање на земјата.

Најново

Спорт7 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија11 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија14 минути

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт21 минута

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија22 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет44 минути

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...

Uncategorized49 минути

Скандал на свадба: Младоженецот цела вечер ѝ се враќал на бившата, невестата не издржала

Свадбената веселба во околината на Лазаревац започнала токму како што замислувале младенците – со музика, многу гости, честитки, насмевки и...

Свет1 час

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа...

Uncategorized1 час

Пензионерите повторно креваат глас: „Не може едни да добијат покачување од 3.000, а други само од 600 денари“

Барањето за линеарно зголемување на пензиите повторно го отвораат пензионерите, кои побараа од министерот за социјална политика, демографија и млади,...