Македонија
Џафери на средба со шведската амбасадорка: Ако вирусот го наложи тоа, Собранието ќе заседава од далечина

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со шведската амбасадорка во земјавва, Кристин Форсгрен Бенгтсон.
Џафери изразил уверување дека и во наредниот период двете држави ќе продолжат да ги развиваат и унапредуваат меѓусебните односи и дека парламентарната соработка ќе се интензивира.
Воедно информирал дека по одржаните парламентарни избори на 15 јули, Собранието е во фаза на формирање на работните тела, делегациите во меѓународните собранија и пратеничките групи за соработка. Во однос на работата на Собранието, истакнал дека фокусот ќе биде ставен на реформските процеси врзани со евроинтеграциите, справувањето со коронавирусот и економскиот развој.
Џафери ја информирал амбасадорката и дека се размислува за воведување алтернативен начин на работа на парламентот, односно работа од далечина, доколку состојбата со коронавирусот го наложи тоа.
Амбасадорката Бенгтсон упатила честитки за успешното одржување на парламентарните избори во услови на пандемија, а како многу позитивни настани за земјата ги оценила членството во НАТО и зеленото светло за отпочнување на преговорите со ЕУ и имплементацијата на реформите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.