Македонија
Џафери од Тетово: Реализираме рекордни инвестиции во патиштата
Премиерот Талат Џафери, денеска, присуствуваше и го означи почетокот на изградбата на обиколницата на Тетово преку клучката Требош до Непроштено.
Денеска, почнуваме со решение на еден горлив проблем не само за тетовци, туку и за целиот Полошки Регион и пошироко. Со децении стоеше само како идеја изградбата на обиколницата околу Тетово, која создаваше невиден сообраќаен хаос за граѓаните од западниот дел на Северна Македонија и тешкотии во нивното секојдневно функционирање. Со обиколницата од улиците на централното градско подрачје ќе ги тргнеме камионите, тешките товарни возила, превозниците и транспортерите, односно ќе имаат можност да возат по современ и безбеден пат, а со тоа ќе ги заштитиме и граѓаните што живеат во овој регион.
Обиколницата околу Тетово е голем проект, кој ќе се протега од клучката Требош до Непроштено. Средствата за овој проект се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта во износ од над 12,2 милиони евра“, рече Џафери.
Инвестирањето во патната инфраструктура, како што рече, е приоритет на Владата на Република Северна Македонија.
„Реализираме рекордни инвестиции во патиштата. Почнавме со реализација на најголемата капитална инвестиција во историјата на нашата земја, изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, европски коридори што ќе нè поврзат со исток и запад, со што Северна Македонија станува клучен транзитен центар.
Кога велам исток, мислам на Црното Море, да не има недоразбирања во смисла на идеолошките поврзувања.
Со изградбата на овие два коридора ги зајакнуваме врските со соседите, отвораме работни места, создаваме можности за нови бизниси, ги вклучуваме во работа и домашните компании и стимулираме економски раст и зголемување на трговската размена.
Северна Македонија го менува својот лик и станува уште подостапна за инвеститорите, кои сè повеќе ги препознаваат нашите можности и потенцијали.
Нема да дозволиме граѓаните да бидат изолирани и исклучени од цивилизација во сопствената држава. Наш приоритет е забрзан развој на Северна Македонија, отворање нови пазари, нови инвестиции, европска иднина овде во нашата држава. Граѓаните го заслужуваат тоа и наша обврска е тоа да го исполниме“, рече Џафери.
Додаде дека минатата година се реализирани околу 400 милиони евра во капитални проекти.
„Секој километар изграден пат во земјата е влог за сите нас, за идните генерации, за економски развој и просперитет на целата држава“, истакна Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

