Македонија
АВМУ ги осуди нападите на новинарите и непрофесионалното однесување на некои од нив

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди вчерашните напади врз медиумските работници, насилничкото приведување новинари, но и непрофесионалното однесување на некои новинари.
„Медиумските работници мора да бидат ослободени од секаков вид притисоци и да им се овозможи непречено да си ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес. Меѓутоа, истовремено, новинарите при известувањето мора да обезбедат професионална дистанца, непристрасно и балансирано известување“, се вели во соопштението на АВМУ.
Во овој контекст,Агенцијата апелира да не се применуваат облици на непримерна комуникација со јавноста, а уште помалку да се поттикнува насилство по која било основа.
Агенцијата додава дека само со професионално медиумско известување може да се поведат пошироки јавни дебати и да се придонесе за слободно создавање јавно мислење и формирање критички ставови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)
Македонија
Претежно сончево, кон крајот на денот со зголемена облачност

Времето денеска, претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Додека Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, велат од СДСМ

Според СДСМ, она што се случува деновиве покажува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што e неспособна туку е во целосна конфузија.
Според оваа партија, додека премиерот Христијан Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, ја префрла вината врз граѓаните кои живеат покрај депониите.
„Јасно како ден е дека „хибридниот напад од странски центри“ е смешно алиби за неспособноста на Мицкоски и неговата влада. Мицкоски глуми жртва секој пат кога е фатен во неспособност да одговори на проблемите.
За овие 15 месеци имавме 5 различни и измислени сценарија, за дестабилзаиција, за странски служби, за дронови, за следење на премиерот и сега еве хибридни напади од надворешни центри на моќ.
Неспособност не може да се покрие со изговори, таа се гледа и граѓаните многу добро ја знаат затоа што ја плаќаат со најважното нешто, нивното здравје“.
Од оваа власт, додаваат од СДСМ, не видовме ниту едно решение за ниту еден проблем, затоа се изговорите.
„Резултатот на владата на Мицкоски е катастрофален: депониите горaт, воздухот не се дише, канцерогените материи се зголемуваат, а институциите се парализирани од лагите и изговорите на власта“.