Македонија
АВМУ: Нови измени на Изборниот законик на само пет дена пред кампањата
Собранието вчера, на само пет дена пред почетокот на изборната кампања, по скратена постапка и без поширока дебата, донесе измени на Изборниот законик. Целта на измените била меѓусебно усогласување на одредбите од Изборниот законик, но, за жал, постигнато е токму спротивното и внесени се дополнителна конфузија и контрадикторност на законските одредби, особено во поглед на платеното политичко рекламирање, реагира Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.
Истовремено, одредбите што се однесуваат на процентуалната распределба на времето во информативните програми на јавниот радиодифузен сервис и на времето за бесплатно претставување на Собранискиот канал и понатаму остануваат неусогласени и неприспособени на спецификите на овие избори.
Во јули минатата година Агенцијата реагира, а и сега останува на ставот дека платеното политичко рекламирање за време на изборните процеси не треба да го плаќаат граѓаните, односно не треба да се одвојуваат средства од државниот буџет за оваа намена. Агенцијата апелира, по завршување на изборите, да се отвори широка дебата со сите релевантни страни за измени на Изборниот законик. Само така соодветно ќе се усогласат законските одредби пред одржување на следните избори, што е во насока на препораките на Венециската комисија, според кои суштинските елементи на Изборниот закон не треба да се менуваат во период помал од една година пред изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

