Македонија
АВМУ: Обвиненијата против новинари негативно се одразуваат на заштитата на јавниот интерес

По повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање службена тајна против Александар Митовски од порталот Infomax.mk, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги истакнува дека објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми, затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи.
Медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, а инстититуциите да имаат предвид дека покренувањето обвиненија против новинари за објавување информации негативно се одразува на постигнувањето на заедничката цел – заштита на јавниот интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДОМ: Пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа

Демократска обнова на Македонија изразува револт и разочарување од одлуката на Собранието на Македонија да не ја изгласа предлог-резолуцијата за овозможување непречен влез на храна и медицински средства за цивилите во Појасот Газа.
Ова молчење на македонските пратеници, според ДОМ е потполно недостојно за земја која ја носи традицијата на хуманизам и солидарност од нашите предци.
„Во македонскиот парламент само 16 пратеници ја поддржаа хуманитарната иницијатива, додека сите останати пратеници од владејачкото мнозинство и дел од опозицијата гласаа воздржано или против. Ова не е време да анализираме дали резолуцијата е предложена од опозицијата или од владејачките партии, време е да делуваме со мерки што ќе им помогнат на луѓето во нужда во Појасот Газа“.
ДОМ ја повикува Владата итно да ги активира сите достапни механизми, вклучително и редуцирање на дипломатските односи за да се зголеми меѓународниот притисок врз Израел и да се обезбеди хуманитарна помош за жртвите во Газа.
Според нив, секоја минута молк значи уште изгубени животи на деца, родители, цели семејства кои умираат од глад и болест.
„Зелената партија ДОМ ја нагласува неопходноста од целосна вклученост на сите политички актери во овој процес. Секоја партија и секој пратеник што ќе продолжи да одбива поддршка за хуманитарна резолуција се става на страната на оние што го кршат меѓународното право и човечките права“.
ДОМ, КАКО ШТО НАГЛАСУВААТ ОД ТАМУ, нема да престане да реагира и ќе ги интензивира контактите со меѓународните организации и партнерските зелени партии за да го подигне гласот на македонската демократија и човечност. Ова, како штооценуваат е прашање што ја надминува партиската политика. „Станува збор за живот и смрт и секоја седница на Собранието и Владата, секој политички пресек е морален тест за нашето општество“.
Македонија
Поради сообраќајка, во прекин сообраќајот на патот Маврово – Дебар во двата правци

Поради сообраќајна незгода од 17:50 часот на патниот правец Маврово – Дебар и обратно, кај Ростушки мост, сообраќајот е во целосен прекин, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско, соопшти ЦУК.
Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот, односно сестра на 16-годишното девојче, која, како што информираат од управата во видно вознемирена состојба, побарала итна помош.
Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
„По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.
Потрагата по 16-годишното девојче продолжува“, соопшти ЦУК.