Македонија
Автобусите на ЈСП викендов ќе сообраќаат до 23 часот
ЈСП информира дека претстојниов викенд (8 и 9 мај) автобусите ќе сообраќаат до 23 часот, а билетарниците ќе работат вообичаено.
Натаму не работи Жичницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“. И натаму, не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.
ГРАДСКИ ЛИНИИ – последни термини пред 23 часот во САБОТА
Линија 2 21 ч од Автокоманда 22.30 ч од Сарај
Линија 2А 17.57 ч од Железара 17.03 ч од Сарај
Линија 3 22 ч од Панорама 21.15 ч Сала Ј.Сандански
Линија 3Б 16.10 ч од Панорама 15.10 ч од Кванташки пазар
Линија 4 21.40 ч од Хром 21 ч од 11 Октомври
Линија 4А 16.25 ч од Усје 17.15 ч од Тафталиџе 1
Линија 5 22.10 ч од Н.Лисиче 22.10 ч од Дексион
Линија 7 21.56 ч од Г.Лисиче 21.42 ч од Карпош 3
Линија 8 19 ч од Влае 19.40 ч од Љуботенски пат
Линија 9 22.23 ч од Кл.центар 21.53 ч од С.Север
Линија 12 22.10 ч од Шишево 22.10 ч од Ск.саем
Линија 13 17 ч од К.Вода 16.25 ч од Железара
Линија 15 21.45 ч од Н.Лисиче 22.30 ч од Карпош 4
Линија 15А 16.12 ч од Н.Лисиче 17.10 ч од Карпош 4
Линија 16 21.50 ч од Пржино 21.25 ч од Железара
Линија 17 13.05 ч од Островска 13.45 ч од Музеј на современа уметност
Линија 19 22.15 ч од Карпош 4 22.15 ч од Ш.Оризари
Линија 20 22.20 ч од Тр.центар 22.20 ч од Ш.Оризари
Линија 21 21.30 ч од Тр.центар 20.50 ч од Бардовци
Линија 22 22.05 ч од Тр.центар 21.56 ч од Лепенец
Линија 22А 20.47 ч од Кл.центар 21.45 ч од Лепенец
Линија 23 22.05 ч од Ченто 22.05 ч од Дом на печат
Линија 24 22 ч од Припор 22 ч од Тафталиџе 2
Линија 27 20.04 ч од Д.печат 20.35 ч од Вардарска
Линија 35 16 ч од Н.Лисиче 16.45 од Ст.Север
Линија 41 21.47 ч од Тр.центар 22.09 ч од Драчево Типо
Линија 42 16.30 ч од Железара 17.15 ч од с.Драчево до Автокоманда
Линија 45 22.30 ч од Тр.центар 22.30 ч од Ченто
Линија 50 22 ч од Хиподром 22 ч од Кл.центар
Линија 57 22.12 ч од Радишани 21.42 ч од Козле
Линија 59 22.10 ч од К.бара 21.30 ч од Карпош
Линија 65В 22.08 ч од Тр.центар 22.08 ч Стајковци, Бр.пат
Линија 65В 17.35 ч од Тр.центар 17 ч од Инџиково
Линија 73 16.20 ч од Ск.Саем 17 ч од Усје
ГРАДСКИ ЛИНИИ – последни термини пред 23 часот во НЕДЕЛА
Линија 2 21.25 ч од Автокоманда 21.40 ч од Сарај
Линија 2А 16.31 ч од Железара 17.25 ч од Сарај
Линија 3 15.45 ч од Панорама 15 ч Сала Ј.Сандански
Линија 3Б 14 ч од Панорама 13.18 ч од Кванташки пазар
Линија 4 21 ч од Хром 21.40 ч од 11 Октомври
Линија 4А 16.25 ч од Усје 17.15 ч од Тафталиџе 1
Линија 5 22.25 ч од Н.Лисиче 22.05 ч од Дексион
Линија 7 21.45 ч од Г.Лисиче 22.27 ч од Карпош 3
Линија 8 17 ч од Влае 17.40 ч од Љуботенски пат
Линија 9 22.23 ч од Кл.центар 21.53 ч од С.Север
Линија 12 22.10 ч од Шишево 22.10 ч од Ск.саем
Линија 15 21.35 ч од Н.Лисиче 21.30 ч од Карпош 4
Линија 15А 17.05 ч од Н.Лисиче 17.47 ч од Карпош 4
Линија 16 21.50 ч од Пржино 21.25 ч од Железара
Линија 19 22.12 ч од Карпош 4 21.48 ч од Ш.Оризари
Линија 20 22.20 ч од Тр.центар 22.20 ч од Ш.Оризари
Линија 21 21.30 ч од Тр.центар 22.10 ч од Бардовци
Линија 22 22.15 ч од Тр.центар 22.15 ч од Лепенец
Линија 22А 15.03 ч од Кл.центар 13.50 ч од Лепенец
Линија 23 22 ч од Ченто 22 ч од Д.печат
Линија 24 22.10 ч од Припор 22.10 ч од Тафталиџе 2
Линија 27 20.04 ч од Д.печат 20.35 ч од Вардарска
Линија 41 21.48 ч од Тр.центар 22.01 ч од Драчево Типо
Линија 45 22.20 ч од Тр.центар 22.20 ч од Ченто
Линија 50 22.25 ч од Хиподром 22.25 ч од Кл.центар
Линија 57 22.10 ч од Радишани 22 ч од Козле
Линија 59 22.10 ч од К.бара 21.30 ч од Карпош
Линија 65В 21.41 ч од Тр.центар 21.41 ч Стајковци
Линија 65В 15.33 ч од Тр.центар 14.53 ч од Инџиково
ПРИГРАДСКИ ЛИНИИ – последни термини пред 23 часот во САБОТА
Линија 11 21.10 ч од Тр.центар 22 ч Рашче
Линија 11а 18 ч од Тр.центар 19 ч Свиларе
Линија 18 21.40 ч од Тр.центар 21.05 ч од Визбегово
Линија 31 22.40 ч од Тр.центар 22 ч од Д.Лисиче
Линија 32 19.35 ч од Тр.центар 18.50 ч од Љубин
Линија 33 15.05 ч од Дом на печат 14.20 ч од Чатал – Д.Лисиче
Линија 47 22.30 ч од Тр.центар 21.05 ч од Љубанци
Линија 47А 15.05 ч од Тр.центар 15.45 ч од Љуботен до Бутел
Линија 51 22.30 ч од Тр.центар 21.10 ч од Студеничани
Линија 52 22 ч од Тр.центар 21.15 ч од Ржаничино
Линија 53 20.10 ч од Тр.центар 21.10 ч од Кат.бања
Линија 55 20.30 ч од Тр.центар 21.20 ч од Арачиново
Линија 56 20.55 ч од Тр.центар 19.50 ч од Бојане
Линија 58 16.40 ч од Тр.центар 17.20 ч од Добри дол
Линија 58а 19.10 ч од Тр.центар 20 ч од Св.Петка
Линија 58б 20.20 ч од Тр.центар 21 ч од Брзовец
Линија 60 20.15 ч од Тр.центар 21 ч од Матка
Линија 61 21 ч од Тр.центар 21.50 ч од Побожје
Линија 62 22.20 ч од Тр.центар 21 ч од Огњанци
Линија 63 21.50 ч од Тр.центар 21.40 ч од Мралино
Линија 63а 20 ч од Тр.центар 21 ч од Ајватовци
Линија 65 20.25 ч од Тр.центар 21.05 ч од Раштак
Линија 65а 19.48 ч од Тр.центар 20.28 ч од Страчинци
Линија 66 20.10 ч од Тр.центар 21.20 ч од Бучинци
Линија 67 21.30 ч од Тр.центар 21.35 ч од Зелениково
Линија 68 19.50 ч од Тр.центар 18.40 ч од Сушица
Линија 70 22.30 ч од Тр.центар 20.50 ч од Батинци
Линија 71 22.35 ч од Тр.центар 22 ч од Бањани
Линија 74 22.30 ч од Тр.центар 20.50 ч од Количани
Линија 81 20 ч од Тр.центар 21 ч од Блаце до Ш.Оризари
Линија 118 18.40 ч од Тр.центар 19.10 ч од Визбегово инд. зона
Линија 160 20.45 ч од Дексион 21.15 ч од Матка
Линија 164 21.10 ч од Волково 21.20 ч од Кучково
Линија 165 16.35 ч од Ченто до Брњарци 16.45 ч од Брњарци до Ченто
Линија 167 21.30 ч од Зелениково до Н.Село 21.40 ч од Н.Село до Зелениково
Линија 180 16.30 ч од Драчево 15.40 ч од Цветово
ПРИГРАДСКИ ЛИНИИ – последни термини пред 23 часот во НЕДЕЛА
Линија 11 21.10 ч од Тр.центар 22 ч Рашче
Линија 11а 18 ч од Тр.центар 19 ч Свиларе
Линија 18 15.45 ч од Тр.центар 16.15 ч од Визбегово
Линија 31 22.30 ч од Тр.центар 21 ч од Д.Лисиче
Линија 32 16.35 ч од Тр.центар 15.50 ч од Љубин
Линија 47 22.30 ч од Тр.центар 21.05 ч од Љубанци
Линија 47А 15.05 ч од Тр.центар 15.45 ч од Љуботен до Бутел
Линија 51 17 ч од Тр.центар 17.40 ч од Студеничани
Линија 52 21.30 ч од Тр.центар 20.30 ч од Ржаничино
Линија 53 20.10 ч од Тр.центар 21.10 ч од Кат.бања
Линија 55 20.30 ч од Тр.центар 21.20 ч од Арачиново
Линија 55а 15.30 ч од Тр.центар 16.05 ч од Брњарци до Автокоманда
Линија 56 20.15 ч од Тр.центар 21.10 ч од Бојане
Линија 58 15 ч од Тр.центар 15.40 ч од Добри дол
Линија 58а 20.20 ч од Тр.центар 21 ч од Св.Петка
Линија 58б 18.25 ч од Тр.центар 19.20 ч од Брзовец
Линија 60 20.15 ч од Тр.центар 21 ч од Матка
Линија 61 21 ч од Тр.центар 21.50 ч од Побожје
Линија 63 21.40 ч од Тр.центар 21.40 ч од Мралино
Линија 65 20.25 ч од Тр.центар 21.05 ч од Раштак
Линија 65а 19.20 ч од Тр.центар 20 ч од Страчинци
Линија 66 20.10 ч од Тр.центар 21.20 ч од Бучинци
Линија 67 20.40 ч од Тр.центар 19.45 ч од Зелениково
Линија 68 21.30 ч од Тр.центар 22.40 ч од Сушица до Автокоманда
Линија 70 22.30 ч од Тр.центар 20.50 ч од Батинци
Линија 71 22.35 ч од Тр.центар 22 ч од Бањани
Линија 74 22.30 ч од Тр.центар 20.50 ч од Количани
Линија 81 16 ч од Тр.центар 17 ч од Блаце до Ш.Оризари
Линија 160 19.05 ч од Дексион 19.30 ч од Горна Матка
Линија 162 16 ч од Петровец 16.15 ч од Огњанци
Линија 164 21.10 ч од Волково 21.20 ч од Кучково
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

