Македонија
Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница.
„На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 проценти, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата“, информираат од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„СДС и Филипче повторно тргуваат со националните интереси, ново пазарење со Бугарија по моделот на францускиот предлог“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче пак се пазарат со Бугарија, еднаш веќе подметнаа француски предлог, сега повторно се пазарат на штета на македонските интереси. СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија, и испраќаат сигнали до Софија дека се спремни да направат се, само да дојдат до власт и Филипче да си ја задржи фотелјата на Бихачка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Филипче овој пат како параван за предавството, ја користат резолуцијата со „црвени линии“ на штета на македонските државни интереси.
Резолуцијата со црвени линии на СДС и Филипче не е патриотски чин за Македонија таа е маска позади која се преговара, пазари и дополнително се потчинува и понижува Македонија.
Филипче да каже на јавноста што договорил во четири очи со Бугарија?
Филипче да одговори на јавноста што ветил на Софија, за што се испазарил и која е цената што Македонија ќе ја плати?
Филипче да каже дали по стапките на неговиот ментор Заев сега тој ја превзема улогата да ја заврши работата што ја започнаа Бујар Османи и Заев за да ги распродаваат државните интереси?
Народот памети и нема да дозволи да биде изигран. Народот ги препознава игрите на СДС и Филипче за потчинување на Македонија и македонските позиции. Токму затоа СДС и Филипче на овие избори ќе доживеат огромен пораз.
Доколку Филипче е искрен во намерите тогаш би ги поддржал позициите на Владата а не да се пазари и да се обидува политички да профитира на штета на националните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ останува да ги штити македонските национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да биде понижена и уценувана. Време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.