Македонија
Агелер до Герасимовски: Имате одлични социјални проекти за социјално ранливите семејства
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, вчера го посети градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Герасимовски на средбата ја запозна Агелер со проектите на Општина Центар по што особен интерес од амбасадорката доби за социјалните проекти и оние преку кои се заштитува животната средина.
„Активни се низа социјални проекти во Општина Центар, меѓу кои обезбедување лични асистенти за учениците и за време на летниот распуст кога не се на училиште, грижа во домот за стари лица, каде што пензионерите добиваат нега во своите домови. Во соработка со невладините организации обезбедуваме хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства, децата во малите групни домови и примателите на социјална помош. Набргу почнуваме и со проект за нега на лицата постари од 60 години, кои боледуваат од Алцхајмерова болест. Преку овој проект обезбедуваме 24-часовна нега и згрижување во времетраење од 15 дена и други. Општина Центар и во иднина продолжува да биде најголем партнер на граѓаните“, рече вчера Герасимовски пред Агелер.
На средбата Герасимовски зборуваше и за акциите за чистење, кои амбасадорката Агелер како личност што живее и работи во Центар особено ги поздравила и дала поддршка прифаќајќи ја понудата на Герасимовски и лично да се вклучи во некоја од следните големи акции за чистење во Центар. На средбата станало збор и за новоформираното претпријатие „Енергија Центар“, како и за транспарентноста во Општината и новата градинка „Пролет“, која се гради во истоимената населба.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

