Македонија
Агелер: Кога САД го ставија Мерко на црната листа, во Македонија никој не побара докази за да се отвори постапка
Од јуни годинава, кога САД го ставија струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа, ниту еден македонски правосуден орган или институција не се обрати до САД за да побара споделување на доказите со цел да се отвори постапка и во земјата за лицата што се на листата.
Ова го истакна американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер.
Амбасадорката пред новинарите рече дека во Северна Македонија има епидемија на корупцијата и таа е присутна во сите пори на општеството, особено во изминатите десет години.
„Само со именување на корумпираните актери ние можеме да помогнеме“, рече Агелер, но посочи дека по секое објавено ново име на т.н. црна листа, изостанува реакција кај судската и извршната власт.
За впишувањето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на црната листа на САД, Анелер рече дека одлуката подлежи на цврсти докази дека тој бил вмешан во коруптивни активности во повеќе случаи.
Агелер вели дека тоа што Анѓушев ќе се жали на одлуката нема ништо да смени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

