Македонија
Агелер: Не ми е познато конкретно руско влијание, но сигурна сум дека постои

Американската амбасадорка Анџела Агелер рече дека не ѝ е познато некакво конкретно и експлицитно руско влијание врз изборите годинава.
„Не ми е познато некое конкретно влијание, но уверена сум дека има бидејќи, генерално, го има во овој регион. Најважно е, како што се приближуваме кон предизборниот период, граѓаните на државата да поставуваат прашања кон кандидатите и кога ќе гласаат да размислуваат за своите приоритети. Тоа е најважно. Важно е да се едуцираат за процесот и кандидатите без разлика кој се меша. Тоа е најмоќната алатка што ја имаат“, рече Агелер.
Министерот за образование, Јетон Шаќири, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска потпишаа меморандум за спроведување на програмата „Фулбрајт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници“, велат од СДСМ

„Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски“, е директен напад врз правата и достоинството на сите културни работници во државата. Колективниот договор не е проблем, туку потреба за работниците и претставува законска обврска! Договорот е резултат на борба на работниците, на дијалог но и праведна политика во време кога СДСМ беше на власт, во време кога платите во културата беа покачени а се исплаќаа навремено, редовно и со почитување на сите права на вработените“, велат од СДСМ.
„Денес, културните работници се без плата за месец март, не се почитуват договорените услови, нема покачени плати а при тоа никој не понесе одговорност од страна на Министерството за култура.
За Љутков и министрите во владата папаја, манго и аспарагус а за вработените во културата нема плата. Ова не е грешка, ова е последица на неспособност, расипничко трошење и целосно потфрлање на министерот Љутков и владата на ДПМНЕ.
Го прашуваме министерот Љутков: Дали овој напад врз колективниот договор е подготовка за ново кратење на правата на вработените во културата по партиски терк?
Љутков треба да излезе и да им се извини на сите културни работници, неговата неспособност не е никакво оправдување.
СДСМ бара целосна исплата на мартовската плата, покачена според колективниот договор за културните работници и негово целосно почитување!“, соопшти СДСМ.
Македонија
СДСМ: Трошоците растат, а платите стагнираат – стандардот на граѓаните се влошува

„Ниту со 2,5 минимални плати денес граѓаните не може да ги покријат трошоците за основните месечни потреби. Синдикалната минимална кошничка е покачена за нови 836 денари и достигна рекордно високо ниво: едно четиричлено семејство има потреба од најмалку 62.700 денари месечно за да го преживее месецот“, велат од СДСМ.
„Трошоците за живот растат а платите стагнираат. Само за храна и пијалоци се потребни над една третина од вкупниот износ на синдикалната кошнишка.
Владата нема никаков економски резултат и очигледно не ја интересира воопшто стандардот на граѓаните, освен нивниот личен интерес.
Додека власта се луксузира со папаја, манго, и аспарагус граѓаните се доведени до точка кога мора да избираат – дали да купат храна, да платат сметки или да се лекуваат.
Ова не се само статистички податоци, ова е сурова реалност и директен удар врз секое семејство, системско осиромашување на народот.
Ова е резултат на неспособноста и дебаклот на промашените економски политики на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски.
СДСМ ќе продолжи гласно да ја разобличува катастрофалната економска политика на оваа власт и ќе се бори за реални решенија кои ќе им помогнат на граѓаните да се справат со кризата што ја создава неспособноста на Владата“, соопшти СДСМ.
Македонија
ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на јазиците, институцијата која има клучна улога во надзорот и спроведувањето на правото на службена употреба на албанскиот јазик“, велат од ДУИ.
„Инспекторите на оваа институција, веќе повеќе од четири месеци немаат добиено плата. Тие се оставени без социјално и здравствено осигурување, без елементарна безбедност за себе и за своите семејства.
Ова не е само социјална неправда – ова е намерна стратегија за уништување на институцијата, со цел да се натераат обучените и лиценцирани инспектори да ја напуштат својата работа, а со тоа да се парализира системот на контрола.
Оваа акција е само една етапа од поширок, координиран напад врз статусот на албанскиот јазик во Република Северна Македонија.
• Најпрво беше одземена независноста на Инспекторатот, ставајќи го под надлежност на Министерството за правда, со што институцијата беше ставена во политичка зависност.
• Потоа следеше системско игнорирање на законот од страна на институциите,
• Министерствата, јавните претпријатија и нивните веб-страници се исчистени од содржини на албански јазик,
• А сега, се удира и по самата институција која е формирана да го штити законот.
Истовремено, Уставниот суд го разгледува Законот за јазиците под притисок, со можност да се поништат неговите клучни одредби.
Ова не е случајна негрижа. Ова е смислена операција за демонтажа на целиот систем изграден околу службената употреба на албанскиот јазик.
Ова е момент што не трпи молк. Секој што молчи денес, ќе биде соучесник утре.
Нашиот повик е до сите – без разлика на етничка припадност, политичка ориентација или позиција во општеството. Претставници на граѓанскиот сектор, граѓани, интелектуалци, медиуми, меѓународни партнери – сега е времето да се крене гласот.
Албанскиот јазик не е симболика. Тој е уставно право, еднаквост, мир и достоинство“, се наведува во соопштението на ДУИ.