Македонија
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се вклучи во проекти на американската амбасада

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, оствари работен состанок со Џерек Бас, нов политичко-економски советник во американската амбасада во земјата.
Како што информираат од АХВ, на состанокот биле презентирани приоритетите и активностите на Агенцијата, а разгледани биле и полињата за унапредување и насочување на идната меѓународна соработка.
„Во насока на унапредување на институционалната соработка како основа за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, г. Бас ја потенцира можноста за вклучување на АХВ во тековните и новите проекти што се реализираат од страна на Амбасадата на САД во нашата земја преку помош во организирање обуки, работилници, семинари и слично. Како што рече тој, акцент во соработката ќе се стави на темите што се од делокругот на работење на АХВ, но и на новите технологии, кои се директно поврзани со светскиот предизвик за справување со климатските промени“, се наведува во соопштението за средбата.
Бабовски изразил благодарност за понудената можност и потенцирал дека АХВ располага со стручен и компетентен кадар, кој со учество во проектите, покрај тоа што ќе има можност да ги унапреди своите знаења од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, ќе може адекватно да даде придонес и во реализацијата на проектите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.