Македонија
Адеми: Посветени на еднаквоста и квалитетното образование
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, денеска имаше официјален работен состанок со политичките претставници на жителите на Пелагонискиот Регион. На заедничката средба со Џемил Ќамили – градоначалник на општина Долнени, Муса Ибрахими – заменик-директор на Агенцијата за катастар, како и со Елгафар Јусуфи – директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Битола, беше разговарано за напорите што го прави Министерството за образование и наука во насока на подобрување на квалитетот на образованието за учениците од овој регион.
„Подобрувањето на квалитетот на образованието е еден од главните приоритети на Министерството и Владата и, во однос на ова посебно внимание ќе им се посвети токму на зоните запоставени во смисла на можностите за исполнување на законската обврска за основно и средно образование“, истакна меѓу другото министерот Адеми. Во тек се измените во Законот за основно образование, Законот за средно образование и Законот за ученичкиот стандард. Сето тоа се прави со цел обезбедување најдобри законски решенија за спроведување на најавените реформи, објасни министерот за образование.
Во оваа пригода, тој вети дека институцијата со која раководи максимално ќе се ангажира за остварување на правата на образованието на мајчин јазик за сите ученици, и тоа не само во Долнени и Битола туку во сите краеви каде што има потреба.
Претставниците на Пелагонискиот Регион изразија подготвеност да дадат свој придонес за да можат најбрзо и најефикасно да се спроведуваат овие политики, кои во суштина го имаат еднаквоста во образованието како предуслов за подобро спроведување на реформите што ги презема Министерството за образование и наука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

