Македонија
(Видео) Адеми: Сите документи за одлуките на Комисиите ќе бидат повторно јавно разгледани
Независно од кредибилитетот на Институцијата или поединецот што конкурирал за средства во Министерството за култура, ако тој не доставил соодветна документација, нормално е Комисијата да одлучи негативно, вели министерот за култура Асаф Адеми. Вака тој ги коментира скандалозните реакции на оние што негодуваат по резултатите објавени од поддршката на конкурост на Министерството за култура. Тој тврди дека Комисиите најодговорно ја завршиле својата работа, но исто така дека сите оние што се жалат на одлуките ќе имаат можност нивните документи да бидат уште еднаш транспарентно разгледани пред целата јавност.
„Оние кои гласно ги коментираат одлуките за поддршка на проектите, и сметаат дека тие се неправедни ќе имаат можност нивните пријави да бидат разгледани уште еднаш. Не станува збор за никакво фаворизирање или пак отстранување, одлуките се донесени по пат на бодување и исполнување на критериумите“,вели Адеми.
За реномираните фестивали што не добија поддршка како Џез фестивалот и Офф фест, Адеми вели дека не ги исполниле административните критериуми.
„Ова се фестивали со многугодишно реноме, и самиот сакам да ги посетувам,но навистина не знам зошто за нивните организатори не би важеле истите административни критериуми како за другите. Останувам на ставот да се залагам за култура за секого и за сите и тоа подразбира дека секој има еднаква можност да конкурира и да ја добие поддршката согласно со бодувањето, вели Aдеми.
Адеми моментно престојува во Берлин каде што денеска се сретна со Харалд Тлетенбраин и Лусиа Рикалдо од европската канцеларија на Креативна Европа МЕДИА а ќе ја проследи и премиерата на македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска што ќе се одржи утревечер во рамките на официјалната програма на овогодинешното издание на Берлинскиот филмски фестивал.
Берлин, Ана Василевска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Ако СПАК-от на ДУИ не е само за спектакл, нека побара екстрадиција на Артан Груби од Албанија
ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на локален СПАК (Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја открила Америка. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, прашуваат од ВЛЕН.
„Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи. ВЛЕН го поздравува овој СПАК на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња. Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ“, пишува во соопштението.
Ако овој СПАК е сериозен, велат од ВЛЕН, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи.
„Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „СПАК за Фејсбук“, а не за правда“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Фото) Мицкоски објави дека е реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека е завршена реконструкцијата на дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“.
Како што извести премиерот, проектот опфаќа поставување нов асфалтен слој со дебелина од 8 сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата.
„Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура.
Инвестицијата во износ од 63.537.537 денари е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт. Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој“, пишува Мицкоски.
Македонија
Исчезна Виктор Илиоски од Прилеп, мајката очајна
Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп очајно бара помош за негово пронаоѓање.

Според објавата на социјалните мрежи, трагата му се губи од саботата попладне, околу 14 часот.
Облечен бил во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.

