Македонија
Адеми: Целта и на овој владин состав е ветувањето за прв албански премиер во последните 100 дена
Координаторот на пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција, Арбер Адеми во својот говор на денешната собраниска седница за избор на Влада, истакна дека цело ДУИ и сите граѓани ја поддржуваат новата предложена структура на владата и нејзината програма.
Адеми ги истакна и преземените мерки и досега реализираните проекти кои ја оправдале довербата дадена во Август 2020 година и дека пратениците на ДУИ целосно веруваат во професионалната компетентност на одредените кадри и на квалитетот на содржината на програмата надополнета со проекти и дополнителни стратегии.
„Денеска одлучуваме дали ќе дадеме зелено светло за континуитетот на развојните проекти и проектите на квалитетниот живот, јасно дефинираните механизми и стратегии за да продолжиме успешно да се справуваме со енергетската, здравствената и мигрантската криза како глобални предизвици на денешницата“, рече тој.
„Време е да ја докажеме нашата политичка зрелост, да дадеме свој придонес за да се овозможи стабилност и конзистентност во процесот на одлучување во служба на граѓаните и поголемата развојна перспектива“, додаде Адеми.
Според Адеми, истата поддршка пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција ја дава и на овој владин состав и на оваа, како што ја нарече, консолидирана програма за работа, целосно верувајќи во професионалната компетентност на одредените кадри и од своите и од редовите на коалициските партнери, како и во квалитетот на содржината на програмата што е одраз на барањата и потребите на граѓаните.
„Конечно, со сите позиции предводени од нашите кадри, се докажа дека земјата ништо не изгуби, напротив, ги зацврсти своите позиции на патот на развојот, ги негува вредностите на еднаквоста и јасно и решително го следи патот на интеграција и одржување на партнерството со земјите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, додаде тој.
„Цел и на овој владин состав кој ќе ја има нашата максимална поддршка е и ветувањето за прв албански премиер во последните 100 дена предложен од страна на Демократската Унија за Интеграција која веќе ја има поддршката од СДСМ, но не само, ја има поддршка и од ВМРО ДПМНЕ и албанските политички субјекти во опозиција“, рече Адеми.
Според него ваквото достигнување кое, како што рече ќе стане реалност несомнено ќе биде показател за демократската зрелост на земјата и најдобар промотор на проевропските вредности на соживот и напредок.
„Ние, 15-те пратеници на ДУИ и нашите гласачи, но и мнозинството наши граѓани, немаме дилема, се решени, сите заедно ќе ја поддржиме оваа Влада“, потенцира Адеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

