Македонија
Администрацијата драматично се промени – сега е поразновидна, рече министерот за администрација, Шаќири
Државната администрација е многу важен дел од нашето општество, кое припаѓа на секој граѓанин на земјата, без оглед на неговата етничка припадност, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, за време на петтиот Комитет за односи меѓу заедниците во Собранието.
„Новиот дух што дојде во Република Северна Македонија по Охридскиот рамковен договор значително влијаеше на поделбата на моќта и етничката застапеност во рамките на државата. Идејата за ваков договор за поделба на власта беше да се гарантира на сите етнички заедници во Македонија политичко, социјално и културно учество, како и самоизразување во Република Северна Македонија“, го отвори својот говор министерот Шаќири.
Меѓу другото, Јетон Шаќири рече дека Законот за вработените во јавниот сектор обезбедува механизам за спроведување на уставниот принцип на правична и соодветна застапеност на припадниците на етничките заедници на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор и врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишните планови за вработување.
„Многу важен чекор што се реализира во текот на оваа година беше систематизацијата на вработените со Рамковниот договор на соодветните работни места, што значително го унапреди прашањето за правична застапеност во институциите, каде што имаше повеќе недостатоци, преку програмата ‘К-5’“, истакна Шаќири.
„Едно нешто што мора да се признае како факт е дека јавната администрација драматично се промени во последните години означувајќи повеќе промени и, дефинитивно, е поразновидна. Јас како министер за информатичко општество и администрација ве уверувам дека државната администрација ја гледам како важен дел од нашето општество, кое му припаѓа на секој граѓанин на земјата, без оглед на неговата етничка припадност“, го заврши својот говор Шаќири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.

