Македонија
Аеродромци вечерва на нов протест пред „Мајчин дом“, деветкатницата не смее да се гради
Аеродромци преку социјалните мрежи повикуваат на нов протест пред „Мајчин дом“ против рестартирањето на изградба на деветкатницата. Протестот ќе биде во 18 часот.
„Да излеземе и да го искажеме повторно нашиот став во 18 часот кај црквичката кај поставената ограда на градилиштето. Оваа зграда не смее да се гради, Општината нека му ја надомести штетата на инвеститорот. Да не им дозволиме на властите да се богатат на сметка на нашето здравје и на сметка на здравјето на идните генерации“, повикуваат жителите на Аеродром.
Утрово инвеститорот на зградата, Фатмир Етеми, изјави за „Макфакс“ дека продолжил со градба и дека немало проблеми ниту протести од граѓаните при повторното влегување во градилиштето.
Поради протестите на граѓаните пред три недели беше сопрена изградбата на зградата и Општината најави дека ќе бара начин за обесштетување. По одлуката на Уставниот суд во средата дека планот е законски донесен, Општина Аеродром извести дека се исцрпени сите можности за обесштетување на инвеститорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

